собере
соберат; собра, собрал, собрале
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 490
1.
За предмети - стави заедно, на едно место, во определен ред.
Англиски:
gather
Албански:
mbledh, grumbulloj
Собери ги шајките во кутијана.
Ги собра книгите и излезе.
2.
За плодови, цвеќиња - набере во некое количество.
Примери:
Собрале лековити билки.
Да собере трева детелина.
Пчелите собрале мед.
Слично со:
набере (св.)
3.
За парични средства - добие од различни места.
Примери:
Да собере некоја сума пари.
Ги собра потребните пари.
Ја собра киријата.
(разг.) Го собрале целиот - го искрале.
Слично со:
прибере (св.)
4.
Повика, свика на едно место луѓе, животни.
Примери:
Ги собрал сите свои пријатели.
Ги собра младинците.
Кој ќе го собере народот?
Собрал верна дружина.
Да го собере стадото.
Слично со:
свика (св.)
5.
Привлече на своја страна, придобие.
Примери:
Ги собрал околу себе сите повторувачи.
6.
Сосредоточи на едно место.
Англиски:
concentrate
Албански:
koncentroj
Беше собрана целата интелигенција.
Собере во една книга.
Собере во целост.
7.
Стане причина да дојдат мнозина, некои да се сретнат.
Англиски:
assemble
Албански:
mbledh, grumbulloj
Требаше умирачкава да нè собере.
Случајот ги собра.
8.
Прибави еден број кон друг.
Примери:
Собери ги овие броеви.
Не можеше да ги собере десетиците.
9.
Состави постепено збирка, колекција од нешто; запише народно творештво.
Англиски:
collect
Албански:
mbledh, koleksionoj
Успеал да собере голема колекција марки.
Така собрал многу значки.
Собрал и песни и поговорки.
10.
Соедини, состави, расположи близу еден до друг; свие, прибере.
Англиски:
pull
Албански:
grumbulloj
Собере веѓи.
Собери ги малку нозете.
(разг.) Собере (собира) раменици.
11.
Добие во некое количество од разни лица, извори; узнае со распрашување.
Англиски:
enquire
Албански:
kërkoj, mbledh
Ќе собере податоци. Собере материјал за некое дело.
Собере членски внос.
Собере новости.
12.
Напрегне и доведе до дејство сите резерви од нешто.
Примери:
Ги собра последните сили.
Да си ги собере мислите.
13.
(само во 3 л.) земе, прими, помести
Англиски:
contain
Албански:
nxë, pranon
Собава ќе собере десет души.
14.
(се собра) Се сосредоточи на едно место.
Примери:
Се собрале околу автобусот.
Се собраа сите браќа.
(нар. поез.) Се собраа, се набраа / сите аги и бегови.
15.
(се собере) Се сретне, се здружи со некого; заживее заедно со некого.
Примери:
Не се собираат веќе децата.
Боже, кога ќе се собереме пак сите?
16.
(се собере) Се набере постепено во некое количество.
Англиски:
accumulate
Албански:
akumuloj
Се собра сета вода од планината.
17.
(се собере) Се соедини постепено на едно место.
Албански:
mbledh
Се собра добар материјал.
18.
(се собере) се збрчка, се згрчи
Примери:
Ми се собра устата.
Се собрал од студ.
19.
(се собере) Се намали по размер, обем.
Англиски:
shrink
Албански:
mbledh, zvogëloj
Се собра при перењето.
Се собра платното.
20.
(се собере) (само во 3 л.) се помести
Примери:
Се собраа сите книги.
Изрази
(ирон.) Тури соберинаесет - потврда.