Гастрономија - категорија

џанка повеќе

мн. џанки
Вид збор: Именка, женски род
Плодот на тоа дрво.
Англиски: plum Албански: kumbull

џем повеќе

мн. џемови
Вид збор: Именка, машки род
Пелте или желе од варено зашеќерено овошје, пекмез.
Англиски: jam Албански: xhem, reçel

џигерче повеќе

мн. џигерчиња
Вид збор: Именка, среден род
(обично во мн.) Џигерчиња (како јадење).
Англиски: liver Албански: xhiger, mëlçi
Примери:
Парчиња пржен или печен џигер.

џимиринка повеќе

мн. џимиринки
Вид збор: Именка, женски род
Месниот дел што останува при топење на сланина.
Англиски: greaves Српски: чварка Албански: cinkarridhe
Примери:
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.

џин повеќе

мн. џинови
Вид збор: Именка, машки род
Ракија од разно семе и др.
Англиски: gin Албански: xhin
Примери:
„Ајде патем да испиеме по еден џин“.

џинка повеќе

мн. џинки
Вид збор: Именка, женски род
Вид мала лута пиперка.
Англиски: hot pepper Албански: spec djegës

џус повеќе

мн. џусови
Вид збор: Именка, машки род
сок
Англиски: juice
Примери:
природен џус
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш