Гастрономија - категорија

ајвар повеќе

(едн.) ајварот
Вид збор: Именка, машки род
Вид салата од печени, мелени и пржени пиперки.
Албански: hajvar
Примери:
Гостите ги почести со ајвар и сирење.
солена икра
Англиски: roe Турски: havyar Албански: havjar
Примери:
На масата веќе се појавија: моруна, пресно солен ајвар, харинга и кечига - сето тоа од рибниот пазар.

акчија повеќе

Види и: ашчија (м.)
мн. акчии
Вид збор: Именка, машки род
Готвач или сопственик на акчилница.
Англиски: cook Турски: aşçı Албански: gjellbërës
Примери:
Да земе парче сирење и неколку ќебапи од акчијата.

акчијница повеќе

Види и: акчилница (ж.)
мн. акчијници
Вид збор: Именка, женски род
акчилница
Англиски: restaurant Турски: aşevi Албански: gjellëtore

акчилница повеќе

мн. акчилници
Вид збор: Именка, женски род
гостилница
Англиски: restaurant Турски: aşevi Албански: gjellëtore

алваџија повеќе

мн. алваџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што произведува или што продава алва.
Турски: helvacı

алкохол повеќе

мн. алкохоли
Вид збор: Именка, машки род
Пијалак што содржи алкохол.
Англиски: alcoholic drink Албански: pije alkoolike
Примери:
Сегде се пие алкохол, негде се претерува.

амбер повеќе

мн. амбери
Вид збор: Именка, машки род
Вид индиски ориз со мирис на амбер.
Албански: amber

амброзија повеќе

мн. амброзии
Вид збор: Именка, женски род
Храна што закрепнува, извонредна храна.
Англиски: ambrosia Албански: ambrosia
Примери:
Понуди ми амброзија и напиток за спас.

анасонка повеќе

мн. анасонки
Вид збор: Именка, женски род
Ракија зачинета со анасон.
Англиски: aniseed brandy Албански: anasone
Примери:
Фрлив едно стодрамче анасонка.

анис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
анасон
Латински: Pimpinella anisum Англиски: anise Албански: anise, anason

аперитив повеќе

мн. аперитиви
Вид збор: Именка, машки род
Алкохолен пијалак што се пие пред јадење за зголемување на апетитот.
Англиски: aperitif Албански: aperitiv
Примери:
Пред вечерата не послужија со аперитив.

арома повеќе

мн. ароми
Вид збор: Именка, женски род
пријатен мирис
Англиски: aroma Албански: aromë
Примери:
Липата и без лимон има пријатна арома.

аромат повеќе

мн. аромати
Вид збор: Именка, машки род
Зачин, мирисливо средство.
Англиски: spice Албански: aromat, erëz

арпа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Нелупен ориз.
Англиски: rice Турски: arpa Албански: arpë, oris i papastruar
Примери:
Го мереа степенот на влажност на арпата.

артичока повеќе

мн. артичоки
Вид збор: Именка, женски род
Со трнот сродна билка со големи цветови чија чашка се јаде.
Латински: Cynara cardunculus Англиски: artichoke Албански: angjinarë
Примери:
Чашката на магарешкиот трн порано се јадела како артичока.

аршлама повеќе

мн. аршлами
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение, со главичка во земјата и издолжени листови, пера, сладок кромид.
Латински: Allium fistulosum Англиски: scallion Албански: qepë mashkull

аспарагус повеќе

мн. аспарагуси
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно растение со долги, кревки, разгранети стебленца со ситни лушпести светлозелени ливчиња и бели или жолтеникави ситни цветчиња; некои подвидови се користат за исхрана, а некои како украсни растенија.
Латински: Asparagus officinalis Англиски: asparagus Албански: shparg
Примери:
Супа од аспарагус.

ахчија повеќе

Види и: акчија (м.)
мн. ахчии
Вид збор: Именка, машки род
акчија
Англиски: cook Албански: gjellbërës

ашуре повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Слатка варена пченица со ореви и други зрнести плодови.
Турски: aşure
Примери:
Традиционалното, со векови старо ашуре, не е само едно обично слатко, тоа пред сѐ е еден симбол на споделувањето, солидарноста и љубовта.

ашчија повеќе

Види и: акчија (м.)
мн. ашчии
Вид збор: Именка, машки род
акчија
Англиски: cook Турски: aşçı Албански: gjellbërës

ашчилница повеќе

Види и: акчилница (ж.)
мн. ашчилници
Вид збор: Именка, женски род
акчилница
Англиски: tavern Турски: aşevi Албански: gjellëtore
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш