бес (м.)
Нѐ преполни со некој бес, почна да нѐ нагризува, да ни го зема сонот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Така легнат, со пушката до мене (секогаш носев пушка, Турците мене не ме гибаа) и зедов да нишанам, онака, од бес, неодредено.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се накострешив и се исправив колку што ме поткреваше презирот и бесот, и навредата, нормално.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оставена си на некое влијание што ти го зголемува само бесот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се мисли дека и Викинзите кои запаѓале во состојба на неконтролиран бес, го правеле тоа под влијание на оваа печурка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се гледам и самата си се прашувам, како можело и во толкав бес вака да ми дојде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Згора на тоа, Турците се смееле како кога деца од бес ќе направат некоја пакост.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Го јавна коњот и удирајќи го со петиците по мевот го истури сиот бес на него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Знаеш колку е лош. Сакаш ли на мене да го истури бесот заради тебе?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А сепак, бесот што притоа се чувствуваше беше апстрактен, никому неупатена емоција, која можеше да се пренесува од еден објект на друг како пламен од ламба за заварување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако си малку од малку среќлија, ќе се сликаш со некоја Викуња и на сликата нема да личиш на суров ловџија што си го истура бесот врз недолжни животинчиња.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)