дотера
дотераат; дотерал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3782
1.
За животно - доведе со терање да стигне на некое место.
Примери:
Ги дотера говедата во шталата.
2.
За човек - принуди некого со терање да дојде, да стигне на некое место.
Примери:
Ги дотераа селаните на сретсело.
3.
Донесе некого или нешто со товарно животно или со превозно средство.
Примери:
Дотерав два товара дрва.
Слично со:
донесе (св.)
4.
Доведе нешто во ред за да врши определена функција.
Примери:
Го дотера часовникот.
Слично со:
доведе (св.)
5.
Доведе во определена состојба, поправи нешто според определени барања и потреби.
Примери:
Дотерај го текстот на соопштението.
6.
Среди некого или нешто за да изгледа поубаво, украси.
Примери:
Ја дотерал брадата.
Го дотеравме младоженецот.
Слично со:
среди (св.)
7.
Стигне до некаква положба или степен на рангирање.
Примери:
Маката нè дотера до ваму.
Дотера до генерал.
8.
Открие, расветли нешто.
Примери:
Сака да ја дотера до крај работата.
9.
Научи да постапува правилно.
Примери:
Ќе ги дотерам јас на ред.
10.
Помине извесен временски период.
Примери:
Така ќе дотера до зимата.
Изрази
Ми (ти, му...) го дотера умот (паметот) - го вразуми, го направи послушен.
Дотера до питачки стап - материјално пропадне, осиромаши.
Изведенки
1.
дотерува несв.
(се) дотеруваат
(се) дотеруваат
2.
дотерување ср.
мн. дотерувања
Пример: Беше позната по екстравагантните дотерувања.
мн. дотерувања
Пример: Беше позната по екстравагантните дотерувања.
3.
дотерувач м.
мн. дотерувачи
мн. дотерувачи