agree - онтологија

вред повеќе

Вид збор: Модален збор
Така е, така нека биде, се согласувам (како потврда на кажаното од соговорникот).

договара повеќе

Види и: договори (св.)
(се) договара
Вид збор: Глагол, несвршен
Активност за заеднички пристап кон еден проблем.
Албански: bie dakord
Примери:
Се договараат околу наследството.

договори повеќе

договорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се договори) Се спогоди, постигне договор.
Албански: marrëveshje
Примери:
Се договорив за цената на станот.

дозбори повеќе

Види и: збори (несв.)
дозборат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дозбори) Се договори, се спогоди со некого.
Албански: merrem vesh
Употреба: Разговорно
Примери:
Се дозборивте ли со татко ви?

згласи повеќе

(се) згласат
Вид збор: Глагол, свршен
Се согласи со некого или со нешто.
Албански: pajtoj, dakord
Примери:
Гласовите не им се згласија, песната не прозвучи убаво.
се договори
Албански: dakordohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Децата се згласија како да кажат за случката.

зговори повеќе

(се) зговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се договори; постигне договор, согласност.
Албански: merrem vesh, pajtohem
Примери:
Наследниците се зговорија кому колку да припадне.

кандиса повеќе

кандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде согласност за нешто, се согласи.
Турски: kandırmak Албански: pajtohem
Примери:
Ама сега е прашање дали тој ќе кандиса на оваа работа.
(се кандиса) се согласи
Албански: pajtoj, bind

нагоди повеќе

нагодат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нагоди) Се договори, се усогласи со некого.
Албански: pajtoj
Примери:
По толку пазарење, одвај се нагодија за цената.

најми повеќе

најмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се најми) Се погоди, се договори да изврши некоја работа.
Албански: pajtoj në punë

намоли повеќе

Види и: моли (несв.)
намолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се намоли) Се согласи по долго, упорно молење.
Албански: pajtohem, bie dakord
Примери:
Се намоли да го прими на разговор.

одобри повеќе

одобрат
Вид збор: Глагол, свршен
Се согласи со нешто.
Албански: miratoj, aprovoj, pranoj
Примери:
Сите присутни го одобрија предлогот.

пазари повеќе

пазарат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се пазари) Се погодува, се договара за служба и плаќање.
Албански: bëj pazar, ujdi
Употреба: Економија
Примери:
Се пазариле веќе за цената.

погоди повеќе

погодат
Вид збор: Глагол, свршен
(се погоди) Се договори со некого, заемно.
Албански: mirrem vesh
Примери:
По долго пазарење, се погодија за цената.

прима повеќе

примаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прима) Се прифаќа, се согласува да прими на должност, работа и сл.
Албански: pranoj
Примери:
Не сакаше да објасни зошто не се прима за раководител.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разбере) Заемно постигне разбирање.
Албански: pranoj
Примери:
Добро се разбраа.
(се разбере) Се спогоди, се согласи со некого.
Албански: pranoj
Примери:
Како пријатели тие лесно ќе се разберат.

разија повеќе

Вид збор: Придавка
согласен, со намера за, со волја за
Турски: razı
Употреба: Разговорно
Примери:
Не сум разија да видиш зло од мене.

склони повеќе

склонат
Вид збор: Глагол, свршен
се согласи
Албански: dakord
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со радост беше склонил и му бакнал рака.
(се склони) се согласи, се склони
Албански: dakord
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се склониле да го сторат тоа.

слага повеќе

(се) слагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слага) се сложува, се сложи
Албански: pajtoj

сложи повеќе

сложат
Вид збор: Глагол, свршен
Наведе на спогодба.
Албански: pajtoj
Примери:
Успеа да ги сложи скараните.
(се сложи) се спогоди
Албански: pajtoj
Примери:
Се сложија и сега работата ќе тргне.

согласи повеќе

согласат
Вид збор: Глагол, свршен
(се согласи) Даде согласност за нешто.
Албански: pajtoj
Примери:
Се согласи да одржи неколку предавања.
(се согласи) Дојде во согласност, договори се за некои услови.
Албански: pajtoj, dakordoj
Примери:
Се согласија да работат заедно.

согласува повеќе

Види и: согласи (св.)
(се) согласуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) согласи

созбори повеќе

(се) созборат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) созборува

созборува повеќе

(се) созборуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) договори
Примери:
Се созборувале што да направат.

спогоди повеќе

(се) спогодат
Вид збор: Глагол, свршен
Во разговор дојде до разбирање.
Албански: pajtoj
Примери:
Ние ќе се спогодиме за тоа.
Дојде до спогодба преку преговори.
Албански: pajtohem
Примери:
Великите (големите) сили се спогодија околу разоружувањето.

спогодува повеќе

Види и: спогоди (св.)
(се) спогодуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) спогоди

ујдисува повеќе

Види и: ујдиса (св.)
ујдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ујдисува) се договори
Албански: pranoj
Употреба: Разговорно

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фати) Се наеме, се согласи да изврши нешто.
Албански: pranoj
Примери:
Готов беше да се фати за секаква работа.