care - онтологија

бабува повеќе

бабуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за болен.
Албански: kujdesem, përkujdesem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги бабувам дома, сите се болни.

внимава повеќе

внимаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, следи будно; дејствува, постапува со претпазливост.
Примери:
Внимава на заробениците.

гледа повеќе

гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за некого или нешто; чува, негува.
Албански: kujdeset
Примери:
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството.

грижа повеќе

мн. грижи
Вид збор: Именка, женски род
труд
Албански: kujdes, punë
Примери:
И покрај целата грижа на лекарите, неговата состојба се влошуваше.

грижи повеќе

(се) грижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се труди, води сметка за нешто.
Албански: kujdesem
Примери:
Многу се грижеше да го задржи работното место.

доизгледа повеќе

Види и: изгледа (св.)
доизгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Догледа, дочува старо лице (или дете).
Албански: kujdesem deri në fund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Синот ги доизгледа родителите.

дохрани повеќе

дохранат
Вид збор: Глагол, свршен
Издржува, се грижи за некого до определен период или до смртта.
Албански: kujdesem
Примери:
Сама ги дохрани дечињата.

дочува повеќе

Види и: чува (несв.)
дочуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчува нешто до крај.
Албански: kujdeset
Примери:
Го дочувал палтото.
Се грижи за некого до определена возраст или до крајот на животот.
Албански: kujdeset
Примери:
Ќерката ги дочува родителите.

затресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
затресат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затресе) Поведе грижа за некого или за нешто.
Албански: shqetsohem, merakosem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Иако не му беше татко, човекот се затресе за детето.

мисли повеќе

мислат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи, води сметка.
Албански: kujdeset
Примери:
Мисли како да постапи за да не ја навреди.

нега повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Негување, грижа околу некого или околу нешто.
Албански: kujdes
Примери:
Децата биле оставени без соодветна нега.

негува повеќе

негуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се негува) Се подлага на нега.
Албански: kujdesem
Примери:
Таа добро се чува и се негува.

оди повеќе

одат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за некого или за нешто.
Албански: kujdeset
Примери:
По болниот некој треба да оди.

пази повеќе

пазат
Вид збор: Глагол, несвршен
чува
Албански: kujdesem, ruaj
Примери:
Пазете го како очите.

погледне повеќе

погледнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се погрижи за некого, обрне, посвети внимание.
Албански: shikoj, kujdesem
Примери:
Остана сам, никој немаше да го погледне.

прибере повеќе

приберат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе грижа за некого, доведе дома.
Албански: kujdesem
Примери:
Мајката ги прибра децата од улица.

пригледиште повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
пригледување, згрижување

стара повеќе

(се) стараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за некого.
Српски: старати
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се стара за родителите.

ферма повеќе

фермаат
Вид збор: Глагол, несвршен
почитува, цени
Употреба: Разговорно
Примери:
Не ферма ни татко, ни мајка.

чува повеќе

чуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, грижи се за некого.
Албански: kujdesem, ruaj
Примери:
Чува деца.

шиша повеќе

шишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
грижи, внимава
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој не шиша никого.