гостат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и пиење.
Примери:
Ама не гостија!
дохранат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде доволно храна.
Албански:
ushqej mjaftueshëm
Примери:
Мајката го дохрани бебето.
закрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да храни стока со крма.
Примери:
Ја закрми стоката со брашно и трици.
захранат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да храни за првпат некого.
Примери:
Мајката го захрани детето со леб уште многу малку.
Вид збор: Глагол, свршен
Најаде некого повеќе од потребното, премногу.
Примери:
Бабата го изнајаде внучето со попара.
Вид збор: Глагол, свршен
Наруча, најаде некого многу, обилно.
Албански:
han, ushqehet shumë
Примери:
Бабата ги изнаруча децата и ги испрати на училиште.
изранат
Вид збор: Глагол, свршен
(се израни) се прехрани
Примери:
Берат штавел да се изранат.
исхранат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди, обезбеди храна за некого.
Албански:
ushqej, furnizoj
Примери:
Таа сама ги исхрани и ги израсна двете деца.
(се исхрани) Обезбеди храна за себеси.
Албански:
ushqehem, furnizohem
Примери:
Во наредните години таа ќе биде принудена сама да се исхрани.
клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто.
Примери:
Секој ден го клука со витамини.
Постојано нешто зборува, кажува.
Примери:
Секој ден ја клукаа со нови лаги и измислици.
(се клука) Постојано јаде.
Примери:
Само се клука со лекови.
крмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храни стока, добиток.
Примери:
Татко му цела ноќ ги крмеше воловите со уров и пченка.
нагостат
Вид збор: Глагол, свршен
Добро, богато почести гостин со јадење, пиење.
Примери:
Добро ги пречека и ги нагости.
(се нагости) Се најаде, се напие добро, богато.
Примери:
Се нагостија како на царска трпеза.
назобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ, магаре нахрани со зоб.
Примери:
Треба да ги назобаме коњите.
накрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде крма, нахрани добиток.
(се) налапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најаде многу, се прејаде.
Примери:
Налапај се убаво, на пат ќе одиш.
намират
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани, снабди со храна.
Албански:
ushqej, furnizoj
Примери:
Прво гледаше да ги намири децата, а за старите ако останеше.
нахранат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде доволно храна на човек или на животно.
Примери:
Стана порано да приготви и да ги нахрани децата.
пасат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за пчели) Пушти во природа да се хранат.
Примери:
Годинава не ги пуштил пчелите да пасат во селската корија.
напасува
Примери:
Овчарот ги пасеше овците.
потхранат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде дополнителна храна.
Примери:
Зимно време секојпат ќе ги потхранеше пчелите.
похранат
Вид збор: Глагол, свршен
Храни малку, некое време.
Примери:
Го похрани со гриз детето.
прехранат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди храна за исхрана.
Примери:
Некако успеа да го прехрани семејството.
Премногу нахрани.
Албански:
të ushqyer i tepërt
Примери:
Претера, ги прехрани децата со чоколади.
(се прехрани) Се исхрани, се одржи во живот со храна (обично за ниско ниво на хранење).
Примери:
Едвај успева да се прехрани.
прихранат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне да дава храна на доенче покрај доењето.
ранат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се рани) храни / се храни
ухранат
Вид збор: Глагол, свршен
нахрани, најаде
Примери:
Гледавме како зад еден киоск еден добро ухранет младич тепа една девојка.
хранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава храна; помага на неспособен или болен да се храни; дава храна на дете.
Примери:
Детето ги хранеше пилињата.
(само 3. л.) Дава средства за издржувањето на некого, издржува; служи како средство за издржување, за приходи.
Примери:
Татко му уште го храни.