increase - онтологија

големее повеќе

големеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се големее) се зголемува
Албански: zmadhohet
Примери:
Денот големее во пролет.

големи повеќе

Види и: големее (несв.)
големат
Вид збор: Глагол, несвршен
големее
Албански: të mëdha

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Покачи, зголеми (цена, брзина).
Албански: ngrit
Примери:
Многу ја дигнал цената на пиперките.
(се дигне) Се покачи, се зголеми (температура, притисок).
Албански: rrit
Примери:
Идниот ден му се дигна температурата на 40 степени.

зачести повеќе

зачестат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави нешто често.
Албански: shpeshtoj
Примери:
Тој зачести да оди кај нив.
(само во 3 л.) Почне нешто да станува; да се случува често.
Албански: ndodh shpesh
Примери:
Зачестија грабежите за време на летните одмори.

зголеми повеќе

зголемат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде нешто поголемо (по размери, по количество, по некое својство).
Албански: rritje
Примери:
Зголеми должина.

качи повеќе

качат
Вид збор: Глагол, свршен
Повиши температура, зголеми цена, тежина.
Албански: rrit, hip
Употреба: Преносно значење
Примери:
Производителите ја качија цената на тутунот.

наголеми повеќе

наголемат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наголеми) Стане поголем.
Албански: zmadhoj, më i madh
Примери:
Денот се наголеми.

нарасне повеќе

нараснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане повеќе по број, бројно се зголеми, се засили и сл.
Албански: rritet, shtohet
Примери:
Вревата нарасна.

плоди повеќе

плодат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плоди) се зголемува, се множи
Албански: shtim, pjellë, lindje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Капиталите се плодат.

повиши повеќе

повишат
Вид збор: Глагол, свршен
покачи
Примери:
Дунав го повиши своето ниво.
(се повиши) Стане повисок, поизразен.
Примери:
Притисокот ѝ се повишил.

подигне повеќе

подигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Повиши, покачи ниво, подобри услови за живот, за работа и сл.
Албански: rrit
Примери:
Во последните две години ние го подигнавме својот стандард.

позголеми повеќе

Види и: зголеми (св.)
позголемат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане нешто зголемено.
Албански: zmadhoj
Примери:
Газдата ја позголеми платата.

покачување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
зголемување, поскапување
Примери:
Покачување на цената.

порасне повеќе

пораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наголеми, нарасне по број, степен или интензитет.
Албански: zmadhoj
Примери:
Вардар, по обилните дождови, многу пораснал.

прирасне повеќе

прираснат
Вид збор: Глагол, свршен
Израсне во помала мера, се наголеми малку.
Албански: rritet pak
Примери:
Нивото на реката прирасна од поројните дождови.

прираст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Наголемување на бројот изразено во разликата.
Примери:
прираст на население

прирасте повеќе

Види и: прирасне (св.)
прирастат
Вид збор: Глагол, свршен
прирасне

прошири повеќе

прошират
Вид збор: Глагол, свршен
Наголеми во обем, по број, по количина.
Албански: rrtit, shtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Заводот ја прошири наставната програма оваа година со нови теми од областа на природните науки.

разрасне повеќе

разраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зголеми се, стане помногуброен.
Албански: rritet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Разрасна градот.
(се разрасне) се зголеми, порасне
Албански: rritet
Примери:
Се разрасна движењето.

разраст повеќе

Вид збор: Именка, машки род
растење, пораст
Примери:
Разрастот на народната борба.

расте повеќе

растат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се зголемува по број, размер, обем.
Албански: shtohet
Примери:
Од ден на ден неговото богатство растеше.

удвои повеќе

удвојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дуплира) Двојно се зголеми.
Албански: dyfishohet, shtohet