двојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дели нешто, разделува, изделува од некаде, од нешто.
Примери:
Еден плот ги двои.
(се двои) се дели
Примери:
Првпат се двојам од моите деца.
делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Разграничи, разграничува две нешта или едно од друго нешто.
Примери:
Долината ги делеше двете планини.
Разграничи нешто по време и растојание.
Примери:
Еден чекор го делеше од работ на бездната.
(се дели) Се оддалечи, се одвои, се раздели од некого или од нешто.
Примери:
Двајцата браќа сè заедно работеле и никогаш не се делеле.
(се дели) Се оддели, се издвои (со имотот) од семејството.
Примери:
Синовите веднаш по женидбата се делија.
(се дели) Се оддели од нешто, не може да остане во цврст спој.
Примери:
Превареното месо се делеше од коските.
издвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината.
Примери:
Полицаецот издвои двајца од патниците.
(се издвои) Се дели, се двои од целината.
Примери:
Тој се издвои од групата уште кога бевме кај пазарот.
изделат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, одвои едно од друго или од некое множество.
Примери:
Овчарот ги издели молзниците од јаловиците.
(се издели) Се одвои од целина.
Примери:
Тој се издели од другите деца.
излачат
Вид збор: Глагол, свршен
изделува, одвојува
Примери:
Овчарот ги излачи молзниците од другите овци.
катат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одделува, рони зрна од пченка.
Примери:
Го туркаат од седенките кога со песни и закачки катат пченка.
лачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одвојува едно од друго.
Примери:
Овчарите ги лачат јагнињата од молзниците во мај.
(се) обособат
Вид збор: Глагол, свршен
Се издели од нешто општо како посебен, самостоен дел или целина.
одвоениот
Вид збор: Придавка
Што е одделен, изолиран од некого или од нешто.
Примери:
Одвоен од светот.
Што е разделен.
Примери:
одвоена власт, одвоени сили
одвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, раздели од некого, од некоја целина, заедница.
Примери:
Тој не можеше да го одвои детето од неговата мајка.
Оддели, раздели нешто што е споено, цело.
Примери:
Го одвои месото од коските.
Издели, издвои според нешто од некоја група, целина.
Примери:
Тренерот ги одвои двајцата најдобри играчи.
(се одвои) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина, остави, напушти.
Примери:
Јас се одвоив од него и тргнав назад кон колибата.
(се одвои) Се оддели од нешто, остави нешто.
Примери:
Не сакаше да се одвои од книгата.
одделни
Вид збор: Придавка
Што е посебен, изделен од нешто.
Примери:
одделна куќарка
одделат
Вид збор: Глагол, свршен
раздели
Примери:
Сопствениците одвај ги одделија двете кучиња.
(се оддели) Се издели од нешто.
Примери:
Тој се дружеше со нас, но во последно време се оддели.
(се оддели) Направи посебно домаќинство.
Примери:
Најпрвин беа во заедница, но набрзо се одделија и двајцата браќа од родителите.
одлачат
Вид збор: Глагол, свршен
оддели, издели
Примери:
Ги одлачи новите од старите весници.
(се одлачи) се оддели
Примери:
По седум месеци бебето не сакаше повеќе да цица, само се одлачи.
откачат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, раздвои од некого.
Примери:
Одвај го откачивме детето од тоа друштво.
Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг.
Примери:
Се степаа, едвај ги откачивме.
(се откачи) Се оддели, се раздвои.
Примери:
Одвај се откачи од таа девојка.
отпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Се оддели од група, од некоја целина.
Примери:
Најдобриот артист отпадна од претставата.
(се) оттргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине врска со некого, се оддалечи, се одвои од некого.
Примери:
Таа се оттргна од мене, како да сум ѝ нанел огромна несреќа.
отцепат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели некого од организација, заедница, друштво и cл.
Примери:
Жената го отцепи мажот од друштвото.
(се отцепи) се раздели
Албански:
ndahem, shkëputem
Примери:
Републиката се отцепи од Федерацијата.
поделат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подели) Изврши поделба на нешто, со некого или помеѓу повеќе единки.
Примери:
По смртта на родителите, браќата се поделија.
(се подели) се раздели, се распредели
Примери:
Учениците се поделија во две екипи.
Вид збор: Глагол, свршен
(се подраздели) Се раздели на помали, поситни делови.
Примери:
Се подразделивме на неколку групички и тргнавме.
Вид збор: Глагол, свршен
(се пораздвои) Се раздели, се одвои малку.
Примери:
Подоцна народот се пораздвои на групи.
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен.
Примери:
Тренерот ги пораздели играчите во групи.
Оддели малку еден од друг, раздвои во некој степен.
Примери:
Никој не можеше да ги пораздели скараните.
(се пораздели) Се раздели, се радвои малку, во некој степен.
Примери:
По школувањето, групата се пораздели.
посебни
Вид збор: Придавка
Што е одделен, одвоен од другите, што постои самостојно меѓу другите, што не е дел од некаква целина.
Примери:
Него го сместиле во посебна соба.
пределат
Вид збор: Глагол, свршен
Прегради, подели со преградување.
Примери:
Ја пределија просторијата.
преѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради, оддели со ѕид.
Примери:
Го преѕидав салонот и сега имам уште една соба.
разграничат
Вид збор: Глагол, свршен
Точно, јасно оддели една појава од друга.
Примери:
Да ги разграничите веќе вашите задачи.
раздвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели еден од друг или едно нешто од друго; раскине брак, разведе сопрузи.
Примери:
Така се беа фатиле, што одвај успеавме да ги раздвоиме.
(се раздвои) Престане да е заедно со некого; прекине врски или односи со некого, се разведе.
Примери:
Уште тогаш се раздвоивме со брата ми.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели еден од друг или едно нешто од друго; откине еден од друг; раскине брак, разведе.
Примери:
Нас никој не ќе може да нè раздели.
(се раздели) Земе дел од општ имот, наследство.
Примери:
Се разделија веднаш по смртта на татко им.
раздружат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине политички, економски, деловни и други врски.
(се раздружи) се раздели, се разедини
Примери:
Македонија се раздружи од Југославија.
разединат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разедини) се раздвои, се раздели
Примери:
По тој конфликт се разединивме.
разлачат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели младо животно, цицалче од мајка му.
Албански:
ndaj nga thithja
Примери:
Ги разлачи ли јагнињата?
Раздели некого од неговите блиски.
Примери:
И ги разлачија едни од други.
размеѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Разграничи, установи меѓи.
(се размеѓи) Установи меѓи меѓу земји, имоти, се раздели.
разортачат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури ортаклак.
Албански:
prish ortakllëkun, miqësin
Употреба:
Економија
Примери:
Таа загуба ги разортачи.
(се разортачи) Излезе од ортаклак.
Примери:
Тогаш дури се разортачивме со него.
Вид збор: Глагол, несвршен
расечат
Вид збор: Глагол, свршен
раздвои, раздели
Примери:
Молскавиците го расекоа небото.
раслојат
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели, издели на слоеви нешто што е составено од повеќе слоеви.
Примери:
Тој ги раслои одделните примероци од овие растенија.
(се раслои) Се раздели по некој суштествен признак.
Примери:
Се раслои општеството на класи.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разделува, се раздвојува
сепаратна
Вид збор: Придавка
Одделен, засебен, изделен од другите.
Примери:
сепаратен договор
сепарираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оддели, одделува едно нешто од друго.
Примери:
Тука го сепарираме пластичниот отпад од металниот.
(се сепарира) Се оддели, се одделува од другите; тежнее да биде сам, да работи, живее одделно од другите.
Примери:
Тој секогаш се сепарира од другарите.