spoil - онтологија

впали повеќе

(се) впалат
Вид збор: Глагол, свршен
За брашно - се расипе од стоење или од топлина.
Примери:
Последната вреќа брашно беше се впалила.

гали повеќе

галат
Вид збор: Глагол, несвршен
разгалува, угодува, попушта
Албански: përkëledh
Примери:
Вие премногу ги галите вашите деца.

груби повеќе

грубат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува грд.
Примери:
Парталавата облека го грубеше нејзиниот изглед.

затруе повеќе

Види и: труе (несв.)
затрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши негативно влијание, наведе на погрешно мислење.
Албански: prish
Примери:
Новиот во зградата ги затру односите меѓу соседите.

изопачи повеќе

изопачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изопачи) се расипе
Албански: prishet
Примери:
Со годините старецот се изопачи.

израсипе повеќе

Види и: расипе (св.)
израсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе во морална смисла повеќемина.
Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги израсипа децата со своето однесување.
(се израсипе) Се расипе во морална смисла.
Албански: prishem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се израсипале гледајќи лоши филмови.

испогани повеќе

испоганат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испогани) Стане поган, нечист.
Албански: fëlliq
Примери:
Се испогани семето.

исчуручи повеќе

(се) исчуручат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане чурук, лош, злобен, се расипе.
Употреба: Разговорно
Примери:
По враќањето од војска, тој сосема се исчуручи.

лицка повеќе

лицкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гали, разгалува некого.
Албански: lazdëroj
Примери:
Детено го лицкаат со сѐ и сешто.

лоши повеќе

(се) лошат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се расипува, станува лош.
Албански: prishem, bëhem i keq
Примери:
Се лоши времето.

окашка повеќе

окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе, исплетка, измеша нешто.
Албански: prish
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ја окашка работата.

помати повеќе

поматат
Вид збор: Глагол, свршен
Намали задоволство, радост, уживање и сл.
Албански: zvogëloj
(се помати) Се расипе, се намали интензитет, квалитет на односи, на живот.
Албански: dëmtoj
Примери:
Им се поматија добрите односи во семејството.

поразгали повеќе

Види и: разгали (св.)
поразгалат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгали малку некого.
Примери:
Таа знаеше дека ги поразгали децата.
(се поразгали) Се разгали малку, во некоја мера.
Примери:
Подоцна тој се поразгали и никого не слушаше.

разгали повеќе

разгалат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да стане гален.
Албански: lazdëroj
Примери:
Многу се ги разгалиле децата.

разгашти повеќе

разгаштат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави некого без стега, направи распуштен, недисциплиниран.
Албански: prish, shpërbër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кој ви го разгаштил олку синов, та ништо не работи.
(се разгашти) Се држи распуштено, недисциплинирано.
Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Слабо работите, некако многу сте се разгаштиле.

раздрнка повеќе

раздрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раздрнка) Се распаше, остане без контрола.
Албански: humb kontroll
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако се раздрнка тој по градот, како што знае, ништо нема да стане.

разнежи повеќе

разнежат
Вид збор: Глагол, свршен
Научи на нежност, на удопство, комфор.
Албански: lazdëroj, bën të ndijshëm
Примери:
Многу сте ги разнежиле децава.

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши лошо влијание врз некого.
Албански: dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го расипа детето.
(се расипе) Пропадне морално, стане лош, невоспитан.
Албански: dëmtoj
Примери:
И неговите деца се расипаа.
(се расипе) Стане неупотребливо.
Албански: dëmtoj
Примери:
Внимавај, ќе се расипе млекото.

раскалави повеќе

раскалават
Вид збор: Глагол, свршен
разгали, распушти
Примери:
Тие ги раскалавија децата.
(се раскалави) Се разгали, се распушти, се однесува неодговорно.
Примери:
Момчињата се раскалавиле во меаната, дури и ги разденило.

распаше повеќе

распашат
Вид збор: Глагол, свршен
Дозволи некој да се распушти.
Албански: lazdëroj, lë në vete
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу сте ги распашале децава.

распрди повеќе

Види и: прди (несв.)
распрдат
Вид збор: Глагол, свршен
разгали
Албански: lazdëroj, përdhos
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Многу сте го распрдиле.
(се распрди) се разгали
Албански: prdhos, lazdëroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно

распушти повеќе

распуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби контролата над некого, направи некој да стане своеволен, недисциплиниран.
Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Баба му го галеше многу, та го распушти.
(се распушти) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен.
Албански: kryeneç
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу ти се распуштиле децата.

скисне повеќе

(се) скиснат
Вид збор: Глагол, свршен
За храна - се скисели, добие лош вкус, се расипе.
Албански: thartoj, prishë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Скиснало виното.

тимари повеќе

тимарат
Вид збор: Глагол, несвршен
мазни, разгалува
Примери:
Кој го тимареше толку, кој го сакаше повеќе?