support - онтологија

алиментира повеќе

алиментираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Потпомага или снабдува со храна.

гајрет повеќе

мн. гајрети
Вид збор: Именка, машки род
помош, поддршка, услужност
Турски: gayret Албански: mbështetje, përkrahje
Употреба: Разговорно
Примери:
Гајрет не му треба, само од мена и разговор.

докрепи повеќе

докрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Додржи, потпре до крај.
Албански: mbështet
Примери:
Гредите го докрепија таванот.

држи повеќе

држат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потпира, крепи некого или нешто.
Албански: mbaj
Примери:
Мостот го држеа десетина столбови.
Поткрепува, поддржува некого.
Албански: mbaj, përkrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некој моќник го држи на раководното место.
(се држи) Се потпира на нешто.
Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Малите јагниња одвај се држеа на нозете.

заговара повеќе

заговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се зазема, се застапува за нешто.
Албански: këshilloj
Примери:
Тие заговараат војна.

задржи повеќе

задржат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи, додржи, потпре некого или нешто.
Албански: mbaj
Примери:
Таа со едната рака го задржа лустерот.

закрепа повеќе

Види и: поткрепа (ж.)
мн. закрепи
Вид збор: Именка, женски род
поткрепа

закрепи повеќе

закрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне.
Албански: përkrah
Примери:
При излегување од колата возачот го закрепи старецот.
(се закрепи) Се придржи да не падне.
Албански: mbështet
Примери:
Стариот се закрепи со бастунот да не падне.

издржува повеќе

Види и: издржи (св.)
издржуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Му дава, му обезбедува некому средства за живот.
Албански: mbaj, ndihmoj
Примери:
Селаните го издржуваа попот.
(се издржува) Сам се издржува, си обезбедува средства за живот, за задоволување на животните потреби.
Албански: mirëmbahem

крепи повеќе

крепат
Вид збор: Глагол, несвршен
потпира, придржува
Албански: përkrah
Примери:
Го дигнаа и го крепеа болниот во собата.
поддржува, штити
Албански: përkrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Роднините го крепат во животот.
(се крепи) Се потпира на нешто за да стои.
Албански: mbështetet
Примери:
Старецот се крепи cо стапче.
(се крепи) Се поддржуваат еден со друг.
Албански: përkrahen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се крепиме еден со друг.

крепител повеќе

мн. крепители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е заштитник, потпора.
Примери:
крепители на нацијата

крепост повеќе

мн. крепости
Вид збор: Именка, женски род
поддршка, моќ
Албански: përkrahje, forcë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Организацијата е крепост на народот.

лежиште повеќе

мн. лежишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што лежи нешто.
Албански: shtrat
Примери:
Ги стави куршумите во нивните лежишта.

навали повеќе

навалат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре на нешто.
Албански: mbështetje
Примери:
Ја навали главата на фотелјата.

навива повеќе

навиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
На натпревар (обично спортски) - со викање, со ракоплескање поддржува, поттикнува, охрабрува некого.
Албански: brohoras
Употреба: Спорт
Примери:
Ќе навивам за подобрата екипа.

наслони повеќе

наслонат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наслони) се потпре
Албански: mbështetem
Примери:
Се наслони со сета снага.

носи повеќе

носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи, поднесува товар.
Албански: mban
Примери:
Столбовите ја носат целата конструкција.

облегне повеќе

облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, постави нешто така што да добие стабилност, сигурност; навали нешто на друго нешто.
Албански: shtrij, mbështes
Примери:
Го облегна грбот на дрвото.

опира повеќе

Види и: опре (св.)
опираат
Вид збор: Глагол, несвршен
опре

опирачка повеќе

мн. опирачки
Вид збор: Именка, женски род
потпора
Примери:
Ние добивме под нозе цврста опирачка.

опирка повеќе

мн. опирки
Вид збор: Именка, женски род
потпора, поткрепа
Албански: mbështetje
Примери:
Тој не помисли ни еднаш за тоа да бара опирка во религијата.

опора повеќе

мн. опори
Вид збор: Именка, женски род
поткрепа, поддршка
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Чувствуваше дека ќе најде опора кај роднините.

опре повеќе

опрат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре, облегне на некого или на нешто.
Албански: mbështetem
Примери:
Тој си ја опре главата на рацете.

плеќи повеќе

плеќите
Вид збор: Именка, множина
поддршка

поддржи повеќе

поддржаа
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поддршка.
Албански: përkrah, mbështes
Примери:
Родителите ја поддржаа идејата на професорот за дополнителна настава.
(се поддржа) Заемно си даде поддршка.
Албански: përkrahë
Примери:
Тие се поддржаа во своите идни планови.

поддршка повеќе

мн. поддршки
Вид збор: Именка, женски род
Поддржување, прифаќање на нечии идеи, настојувања, работа, дејствување.
Албански: mbështetje
Примери:
Дадовме поддршка на таа иницијатива.

подзакрепи повеќе

Види и: закрепи (св.)
подазакрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепи, потпре малку.
Албански: mbaj, ndihmoj, përkrah
Примери:
Го подзакрепи стариот да се качи по скалите.
(се подзакрепи) Се задржи, се придржи малку.
Албански: mbahem, mbështetem
Примери:
Едвај се подзакрепи на оградата да не падне.

помогне повеќе

помогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално поткрепи.
Албански: përkrah
Примери:
Жителите ќе ја помогнат електрификацијата на нивните населби со работа.

попоткрепи повеќе

Види и: поткрепи (св.)
попоткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи малку, до определен степен.
Примери:
Оградата ја попоткрепи со една талпа.

попотпира повеќе

Види и: потпре (св.)
се попотпираат
Вид збор: Глагол, свршен
Се потпира малку, донекаде.
Употреба: Ретко

попотпре повеќе

Види и: потпре (св.)
се попотпрат
Вид збор: Глагол, свршен
Се потпре малку, донекаде.
Употреба: Ретко

поткрепа повеќе

(едн.) поткрепата
Вид збор: Именка, женски род
помош, поддршка, потпора
Албански: ndihmë, përkrahje
Примери:
Ги изгледа присутните, барајќи поткрепа од нив за своето мислење.

поткрепи повеќе

поткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поткрепа, поддршка некому.
Албански: këshilloj
Примери:
Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата.

потпомогне повеќе

потпомогнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому финансиска или друг вид помош.
Албански: ndihmoj, përkrah, mbështet
Примери:
Прославата ја потпомогнаа повеќе приватни фирми.
(се потпомогне) Заемно, еден со друг помогне малку.
Албански: mbështet, përkrah
Примери:
Ние треба да се потпомогнеме.

потпор повеќе

мн. потпори
Вид збор: Именка, машки род
потпора
Албански: mbështetje, përkrahje

потпора повеќе

мн. потпори
Вид збор: Именка, женски род
поддршка, поткрепа, помош
Примери:
финансиска потпора

потпре повеќе

потпрат
Вид збор: Глагол, свршен
Опре, облегне на нешто или на некого.
Албански: këshilloj
Примери:
Грбот го потпре на ѕидот, па ја исправи главата.
поткрепи, потпомогне
Албански: këshilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие го потпреа неговиот предлог.

придржи повеќе

придржат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре, поткрепи да не падне.
Албански: mbaj, mbështes
Примери:
Синот го придржа таткото да излезе од ординацијата.

придржува повеќе

Види и: придржи (св.)
придржуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се придржува) се придржи
Албански: mbështes, mbaj

прикрепи повеќе

прикрепат
Вид збор: Глагол, свршен
Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно.
Албански: përkrah
Примери:
Тој ги прикрепи гранките со еден стап.

столб повеќе

мн. столбови
Вид збор: Именка, машки род
потпирач, опора
Албански: shtyllë, mbajtës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше столб на организацијата.

храни повеќе

хранат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л.) Одржува некого.
Албански: këshilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Филозофијата не ме храни веќе.
(се храни) Се издржува, добива средства за живот.
Албански: këshilloj
Примери:
Работеше и се хранеше.

шошник повеќе

мн. шошници
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што крепи, што прикрепува.
Примери:
дрвен шошник