Вид збор: Глагол, свршен
Кине, искине до крај.
Примери:
Ги докинав чорапите.
(се докине) Се кине, се искине до крај.
Примери:
Му се докинаа чевлите.
дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Грубо кине нешто.
Примери:
Ја дрпаше кошулата на парчиња.
зајадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зајаде) Почне да се кине.
Примери:
Овде се зајала ортомава.
закинат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кине нешто на парчиња.
Примери:
Го закина писмото што го читаше.
(се закине) Почне да се кине.
Примери:
Чорапите му се закинаа на неколку места.
запараат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пара.
Примери:
Мајката го запара стариот џемпер.
Испара, распара малку, во помала мера.
Примери:
Таа го запара на неколку места чаршафот што го везеше.
(се запара) Почне да се пара.
Примери:
Фустанот ми се запара од постојано носење.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да солзи.
Албански:
fillon të lotoj
Примери:
Очите ми засолзија од чадот.
искинат
Вид збор: Глагол, свршен
Скине на парчиња.
Примери:
Го искина писмото и го фрли.
(се искине)
Албански:
griset, shkyhet
Примери:
Ќе се искине палтото за кусо време, не е квалитетно платното.
искорнат
Вид збор: Глагол, свршен
Искубе (за влакно или нокт од телото на човекот).
Примери:
Девојчето ме искорна за коса.
искубат
Вид збор: Глагол, свршен
Вади, истргне влакна или пердуви од корен.
Примери:
Ја искуба кокошката.
испараат
Вид збор: Глагол, свршен
Со парање врати во претходната состојба тоа што е сошиено или сплетено.
Примери:
Испара ракав.
испаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(од испара) распорува, расекува
Вид збор: Глагол, свршен
Искине во голема мера или многу нешта.
Примери:
Ја испокина вреќата.
испоскубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испоскубе)
Примери:
Се фатија за косите и се испокубаа.
исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исчепи) Се откине, се отцепи од нешто.
Албански:
shkëputem, ndahem
Примери:
Гранката се исчепи од многу род.
кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со нагли движења прави нешто да биде во парчиња.
Примери:
Таа ги кине писмата и ги пали едно по едно.
Прекинува на едно место или на повеќе места нешто што е поврзано, цело.
Примери:
Селаните кршеа огради низ лозјата, кинеа тељови, уриваа ѕидини.
(се кине) Се раскинува на парчиња.
Примери:
Џебовите, со полни камења, ѝ се кинат под товарот.
(се кине) Се прекинува, губи континуитет.
Албански:
këputet, coptohet
Примери:
Нишките на разбојот се кинеа една по една.
корнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коса, нокти - кубе, вади од корен.
Примери:
Корне коси.
За предмет - вади употребувајќи сила.
Примери:
Корне штици.
кубат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кубе) Си вади од корен влакно, коса.
Примери:
Таа се кубеше.
кубнат
Вид збор: Глагол, свршен
кубе
Примери:
Бајачката кубна неколку влакна од косата на болниот.
накубат
Вид збор: Глагол, свршен
Кубе во доволна мера, колку што треба.
Примери:
Накуба трева за стоката.
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика солзи кај некого.
Албански:
bën të qaj, lotoj
Примери:
Кога му кажа што се случи, длабоко го натажи и го насолзи.
(се насолзи) Покаже, пушти солзи.
Примери:
Од чадот ми се насолзија очите.
откинат
Вид збор: Глагол, свршен
Одвои дел од целина.
Примери:
Домаќинката откина парче од тестото и го расука.
отскубнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со скубнување одвои, оддели дел од нешто.
Примери:
Тој отскубна малку од косата.
параат
Вид збор: Глагол, несвршен
За сошиено, везено, плетено, го кине, рашива.
Примери:
Мајка ги параше чорапите.
(за уши) Звукот му ги пара ушите.
Примери:
Сирената на бродот ги параше ушите.
(се пара) Се кине.
Примери:
Ни се шие ни се пара.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кубе, одоздола, малку.
Примери:
Го поткубе пирејот.
прекине
Вид збор: Глагол, свршен
Раздели на делови со кинење, со прекин.
Примери:
Тој ја прекина врвката.
(се прекине) Се раздели самото со кинење.
Примери:
Јажето се прекина насреде.
просолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да солзи по малку, да пушта солзи.
Примери:
Од долго читање ми просолзија очите.
За растение, лоза пушта сок про кроење, при откинување.
раздерат
Вид збор: Глагол, свршен
Дерејќи искине на парчиња.
Примери:
Го повлече силно и му ја раздра кошулата.
раздрпаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тегнење, влечење искине.
Примери:
Многу силно го повлече и му ја раздрпа кошулата.
распараат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Примери:
Срцето ми го распара.
Реско наруши тишина, мрак и сл.
Примери:
Истрел го распара ноќниот мир.
распокинат
Вид збор: Глагол, свршен
Испокине, искине во голема мера или многу нешта.
Примери:
Тие ги распокинаа листовите.
распорат
Вид збор: Глагол, свршен
раскине, расцепи
Примери:
Локомотивата ја распори моменталната тишина.
расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
За звук - раскине.
Примери:
Истрел ја расцепи тишината.
скинат
Вид збор: Глагол, свршен
Со кинење направи нешто на два или повеќе дела.
Примери:
Го прочита писмото и го скина.
(се скине) Со кинење се направи нешто на два или повеќе дела.
Примери:
Се скинаа жиците.
(се скине) се пресече, се откине, отпадне
Примери:
Му се скина опашката.
Вид збор: Глагол, несвршен
мн. солзи
Вид збор: Именка, женски род
Безбојна течност што се лачи од очните жлезди.
Примери:
Со солзи на очи.
солзат
Вид збор: Глагол, несвршен
За око - лее солзи.
Примери:
Им солзат очите (од студ, чад).
цепат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кине, дере ткаенина, книга.
Примери:
Ова платно не мора да се сече, убаво се цепи.
(се цепи) Лесно се сече, се расцепува.
Примери:
Платното на средината се цепеше.