toil - онтологија

амалува повеќе

амалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи напорно без соодветно материјално надополнување.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Еден ден ќе разбере дека премногу амалуваше во претпријатието, но доцна ќе биде.

аргатува повеќе

аргатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа без соодветен надоместок.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Архаизам , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Деноноќно аргатуваше во фирмата за да му се каже дека ништо добро не сработил.

гарамет повеќе

(едн.) гараметот
Вид збор: Именка, машки род
товар, мака
Турски: garamet
Употреба: Архаизам
Примери:
Ќе му го тргам гараметот дури е жив.

грува повеќе

груваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу работи, се мачи.
Албански: mundohem, punoj shumë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сега сам ќе груваш, кога не сакаше помош.

зарга повеќе

Види и: рга (несв.)
заргаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за'рга) Почне да рга.
Примери:
Уште беше мал кога зарга по туѓи ниви.

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи без прекин, се мачи.
Примери:
Тој цела година капе по полето cо сето семејство.

килави повеќе

(се) килават
Вид збор: Глагол, несвршен
Напорно работи, капнува од работа.
Примери:
Тие не се килават од работа.

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
Албански: këputem, rraskapitem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Секој ден се кинам од работа, а никој не ми верува.

кози повеќе

(се) козат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кози) се мачи
Албански: mundohem, rraskapitem
Примери:
Вие си ја завршивте работата, а јаc допрва треба да се козам.

кулук повеќе

мн. кулуци
Вид збор: Именка, машки род
Многу напорна, тешка работа.
Албански: punë e rëndë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Работата денес е неблагодарен кулук.

кулукува повеќе

Види и: кулук (м.)
кулукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа.
Албански: punon punë të rëndë
Употреба: Преносно значење

мака повеќе

мн. маки
Вид збор: Именка, женски род
тешкотија, напор
Албански: shqetësim
Примери:
Cо голема мака ја завршив работата.

малтретира повеќе

малтретираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се малтретира) се измачува
Албански: maltretohet, mundohet
Примери:
Цел ден се малтретираше со истата работа.

на'рга повеќе

(се) на'ргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наработи тешка, неблагодарна работа.
Употреба: Разговорно

натрга повеќе

натргаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натрга) Се намачи, се напати.
Албански: mundohem, raskapitem
Примери:
Многу мака се натргав, одвај останав жив.

плеткање повеќе

мн. плеткања
Вид збор: Именка, среден род
животарење
Албански: rraskapitje, jetoj rënd
Употреба: Преносно значење

понамачи повеќе

Види и: намачи (св.)
понамачат
Вид збор: Глагол, свршен
Намачи некого во некоја или поголема мера.
Албански: mundoj më tepër
Примери:
Работата го понамачи, но сепак се убаво заврши.
(се) понамачи) Се намачи, се измачи во некоја или во поголема мера.
Албански: mundohem pak

попржи повеќе

Види и: пржи (несв.)
попржат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попржи) Се мачи малку, некое време.
Примери:
Нека се попржи уште малку во таа ситуација.

пот повеќе

(едн.) потта
Вид збор: Именка, женски род
Труд, напорна работа.
Албански: djersë, punë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секое зрно жито натопено е со неговата пот.

поти повеќе

(се) потат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се труди, се мачи, работи напорно.
Албански: punoj rëndë, djersitem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Долго време се потам овдека, а ни скршена пара немам примено.

пржи повеќе

пржат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пржи) Се мачи со нешто тешко, се поти во тешки, неподносливи услови.
Албански: zihem, përzhitem
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Јас овде се пржам, а ти ми наоѓаш мани.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вложува напори, се стреми, се усовршува, изучува нешто; систематски обучува, воспитува.
Албански: përpiqet
Примери:
Работи на своето издигање.

рга повеќе

ргаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи премногу.
Албански: punon shumë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цел ден ’рга.

ринта повеќе

ринтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешки, заморни работи; работи премногу.
Примери:
Две недели ринтаа сите.

рмба повеќе

рмбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(’рмба) Многу напорно и тешко работи.
Примери:
Цел ден 'рмба.

тлака повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Кулук, тешка и мачна работа под принуда.
Албански: punë e rëndë

труди повеќе

трудат
Вид збор: Глагол, несвршен
уморува, мачи
Албански: lodh, mundon
Употреба: Народна поезија
Примери:
Не труди ми коња.

убие повеќе

убијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се убие) Со глаголски именки или прилози - означува дека дејството се вршело или ќе се врши со напор, долго и интензивно.
Албански: mbys, këpus
Примери:
Се убив од работа (работејќи).

црнчи повеќе

црнчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како црнец, како роб.
Примери:
Ама таму има многу работа, треба да се црнчи со години.