затвори
затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1044
1.
Hаправи да не може да се излезе од (или да се влезе во) некаква просторија или заграден простор, да не може да се помине.
Примери:
Затвори врата.
Затвори порта.
Затвори прозорец.
Спротивно од:
отвори (св.)
2.
Препречи, спречи, забрани движење, минување.
Англиски:
block
Албански:
mbyll, bllokon
Затвори пат.
Затвори улица.
Затвори граница.
3.
Стави капак, затворач на нешто, поклопи.
Примери:
Затвори кутија.
Затвори сад.
Затвори куфер.
Спротивно од:
поклопи (св.)
4.
Состави, склопи нешто отворено, расклопено, раширено.
Примери:
Затвори книга.
Затвори чадор.
Затвори уста.
Затвори очи.
5.
Запре, оневозможи движење, минување на нешто со помош на некаква направа.
Примери:
Затвори вода.
Затвори плин.
Затвори славина.
Слично со:
запре (св.)
6.
Спречи да работи, исклучи (апарат).
Примери:
Затвори радио.
Затвори телевизор.
Слично со:
исклучи (св.)
7.
Смести во некаква просторија, во ограден простор, ограничи движење.
Англиски:
lock
Албански:
mbyll, mshel
Ги затворила децата в соба.
Затвори ја птицата во кафезот.
8.
Лиши од слобода, уапси некого.
Англиски:
arrest
Албански:
mbyll, burgos
Го затвориле поради кражба.
Слично со:
уапси (св.)
9.
Престане да работи по работното време или засекогаш.
Англиски:
shut
Албански:
mbyll, burgos
Продавниците ќе затворат по еден час.
Додека да појдеме, ќе затвори чаршијата.
Фабриката за мебел ја затвориле.
10.
Означи крај на седница, состанок, расправа и сл.
Англиски:
close
Албански:
mbaron, mbyll
Претседателот ја затвори седницата.
11.
(се затвори) Се склопи (книга, очи).
Примери:
Продолжи да зборуваш, но затвори ја книгата.
Ги затвори очите и веднаш заспа.
12.
(се затвори) Не излезе некое време надвор, не се покаже во јавност.
Примери:
Се затворив неколку дена и нигде не излегов, само учев.
13.
(се затвори) Се повлече во себе.
Англиски:
withdraw
Албански:
mbyllet në vehte
Од некое време се затвори, со никого не разговара.
Слично со:
повлече (св.)
14.
(се затвори) За рана - зарасте.
Англиски:
close
Албански:
mbyllet, shërohet
Брзо му се затвори раната.
Слично со:
зарасте (св.)
Изрази
Затвори уста (некому) - го замолче (со факти, докази и сл.).
Затвори врата (некому) - не го прими, не сака да го ислуша.
Затвори очи - се направи дека не видел.
Око не затвори - не заспа (долго време).
Затвори куќа (некому) - упропасти, запусти некого.