а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

трга

тргаат; тргал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1540
1. тргнува, заминува
Англиски: leave Албански: largim
Примери:
Возот трга во десет часот.
Пак ќе тргаш.
Тргај по мене.
2. (за машина, механизам и сл.) работи, функционира
Англиски: work Албански: punon
Примери:
Не трга часовников.
3. (за работа, трговија, занаети) појде
Англиски: start Албански: shkoi
Примери:
Работава некако не ни трга.
4. влече, повлекува
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Коњчето тргаше со сета снага.
5. тегли, влече
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Трга некого за уши.
Трга напред, трга назад.
6. вади, извлекува
Англиски: draw Албански: nxjerr
Примери:
(нар. поез.) Не тргај пушка на мене.
7. вовлекува, пие, вдишува
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Трга по малку.
Не тргај го чадот внатре, ќе ти се слоши.
8. обележува
Англиски: draw Албански: shënoj
Примери:
Трга црта, бразда.
Трга веѓи.
9. (за оро) води
Англиски: dance Албански: udhëheq
Примери:
Трга оро.
(нар. поез.) Јана мома танец трга.
10. мери (тежина)
Англиски: measure Албански: mat
Примери:
Ќе ти го тргам лебот.
(разг.) Лош е, кантар не го трга.
11. страда, пати, поднесува
Англиски: suffer Албански: pësoj
Примери:
Тие на старост ќе тргаат.
Трга маки.
12. води, тера
Англиски: lead Албански: udhëheq
Примери:
Трга живот.
Трга раат.
13. (се трга) се повлекува
Англиски: withdraw Албански: tërheq
Примери:
Нема да се тргам, ќе одам до крај.
14. (се трга) се мери
Англиски: measure Албански: mat
Примери:
Не можеш да се тргаш со него, посилен е.
15. (се трга) Во одречни реченици.
Албански: largohet
Примери:
Не се трга по мое.
Многу немирни се Вашите деца, не се тргаат.
Не се трга со нешто.
Не се трга со автомобилот.
Изрази
(разг.) Го трга (не го трга) срце некого за нешто.