Религија - категорија

бабун повеќе

мн. бабуни
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во Богомилското движење.
Примери:
Нема на светов досега подруги вистини за вас и за нас освен оние во соништата на бабуните, богомилите, робјето...

базилика повеќе

мн. базилики
Вид збор: Именка, женски род
Стара христијанска црква, христијански храм со правоаголна форма и со високи столбови.
Англиски: basilica

бајрам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
(Бајрам) Муслимански верски празник по завршетокот на рамазанскиот пост.
Англиски: Eid ul-Fitr Турски: bayram Албански: bajram
Примери:
Годинава се погоди Прочка и Бајрам во еден ден.

балдахин повеќе

мн. балдахини
Вид збор: Именка, машки род
Свечена покривка над олтар.
Англиски: baldacchin Албански: mbules solemne, baldahin
Примери:
Според големината на просторот на христијанските храмови, резбите биле распоредени на: иконостаси, балдахини, амвони, владички столови, певници.

баптизам повеќе

Види и: анабаптизам (м.)
(едн.) баптизмот
Вид збор: Именка, машки род
анабаптизам
Англиски: baptism
Примери:
Баптизмот го исповедаат повеќе од 100 илјади жители во земјата.

баптист повеќе

мн. баптисти
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на Сојузот на баптистите, кој проповеда доброволно крштавање само на возрасни луѓе.
Англиски: Baptist
Примери:
приврзаник на баптизмот

беатификација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ставање во редот на блажените од страна на папата.
Англиски: beatification
Примери:
беатификација на Мајка Тереза

безбожен повеќе

безбожниот
Вид збор: Придавка
Што не верува во бога, што го одрекува постоењето на бога и на натприродните сили.
Англиски: ungodly
Примери:
Не чувствуваше нетрпеливост против безбожните луѓе.

безбожие повеќе

мн. безбожија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на верата во бога.
Англиски: atheism
Примери:
Владееше безбожие.

безбожник повеќе

мн. безбожници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги скрнави религиозните чувства на верниците
Англиски: sinner Албански: mëkatar
Примери:
Безбожник и крвопиец.

безбожништво повеќе

(едн.) безбожништвото
Вид збор: Именка, среден род
неверување во богови
Англиски: ungodliness
Примери:
Црквата го крена гласот против безбожништвото.

безверен повеќе

безверниот
Вид збор: Придавка
Што не верува во бога, безбожен, нерелигиозен.
Англиски: godless
Примери:
Безверните жени разговараа гласно и пречеа во црковниот обред.

безверник повеќе

мн. безверници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не верува во бога, безбожник.
Англиски: atheist Албански: ateist
Примери:
Се појавија многу еретици и безверници.

бекташ повеќе

мн. бекташи
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на дервишкиот ред, по името на основачот Хаџи Бекташ.
Англиски: sufi Турски: Bektaşi

беседа повеќе

мн. беседи
Вид збор: Именка, женски род
проповед
Англиски: sermon Албански: predikim
Примери:
Климент напишал беседи, похвали и поученија.

бесчести повеќе

бесчестат
Вид збор: Глагол, несвршен
За сакрални објекти – сквернави.
Англиски: desecrate Албански: fyej
Примери:
Насилниците ги бесчестеа храмовите и гробовите.

Библија повеќе

(едн.) Библијата
Вид збор: Именка, женски род
Збирка од стари канонски текстови кај Евреите и христијаните во два дела: Стар завет и Нов завет; Свето писмо.
Англиски: Bible
Примери:
Словенскиот превод на Библијата го направиле браќата Кирил и Методиј.

бискупов повеќе

бискуповиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на бискуп.
Примери:
Бискупова капа.

благослов повеќе

мн. благослови
Вид збор: Именка, машки род
Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружена со крстење, прекрстување.
Англиски: blessing Албански: besim
Примери:
божји благослов

благословен повеќе

благословениот
Вид збор: Придавка
Што примил благослов.
Англиски: blessed Албански: i bekuar
Примери:
благословен свештеник

благослови повеќе

благословат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде благослов.
Англиски: bless Албански: bekoj
Примери:
Тој ја благослови куќата.

блаженство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Составен дел од титулата на црковен поглавар.
Англиски: holiness Албански: shenjtëri
Примери:
Неговото блаженство архиепископот македонски и охридски.

бласфемија повеќе

(едн.) бласфемијата
Вид збор: Именка, женски род
богохулство, хулење
Англиски: blasphemy

бог повеќе

мн. богови
Вид збор: Именка, машки род
(Бог) Создател и господар на светот во монотеистичките религии.
Англиски: god Албански: Zot
Примери:
Имај ум, имај срце, и Бог нема да те остави.

богољубец повеќе

мн. богољупци
Вид збор: Именка, машки род
Што го љуби Бога; побожен човек, праведник.
Примери:
Легионерите до еден ги истотепале богољупците ни криви ни должни.

богољубив повеќе

богољубивиот
Вид збор: Придавка
Што го љуби, сака Бог.
Англиски: pious
Примери:
Богољубивиот народ мирно слушал.

богомил повеќе

мн. богомили
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Следбеник, припадник на богомилското движење.

богомилски повеќе

богомилскиот
Вид збор: Придавка
Што им припаѓа, што се однесува на богомилите и на богомилството.
Примери:
Богомилско движење.

богомилство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Христијанско еретичко движење што се појавило во Македонија во 9 век, па се проширило и кај соседните народи.

богомолец повеќе

мн. богомолци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се моли многу често на бога.
Примери:
Богомолците почнаа да се крстат.

богомолка повеќе

мн. богомолки
Вид збор: Именка, женски род
богомолец
Албански: adhurues shpirtëror

богомолство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Наклоност, почит кон Бога.
Англиски: godliness
Примери:
Прочистувајќи го Лука од секакво богомолство, Прличко го дава како живо старче, што поминало пеш по целата земја.

богохулен повеќе

богохулни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на богохулење.
Англиски: blasphemous
Примери:
Богохулни зборови.

богохули повеќе

богохулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Хули на бога, го напаѓа Бога.
Англиски: blasphemy

богохулник повеќе

мн. богохулници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го хули Бога, што го напаѓа Бога.
Англиски: blasphemer
Примери:
Богохулниците фрлија дамка на чествувањето на Водици.

богохулница повеќе

Види и: богохулник (м.)
мн. богохулници
Вид збор: Именка, женски род
жена богохулник
Англиски: blasphemer

богохулство повеќе

мн. богохулства
Вид збор: Именка, среден род
Хулење на Бога.
Англиски: blasphemy

богочовек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Човек со божји особини; Исус, Синот Божји во лик и тело на човек.
Примери:
Сите вистини на Православието се изведуваат од една вистина и се сведуваат на едната вистина, безгранична и вечна, а таа вистина е богочовекот Христос.

божевен повеќе

божевниот
Вид збор: Придавка
побожен
Англиски: pious
Примери:
Кажувал божевни работи, а лекувал и од болести.

божествен повеќе

божествениот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на божество, што има одлики на божество.
Англиски: divine
Примери:
божествена сила

божество повеќе

мн. божества
Вид збор: Именка, среден род
Суштество со својства на бог, со натприродни, божествени одлики.
Англиски: god
Примери:
митолошки божества

божикен повеќе

Види и: божиќен (прид.)
божикниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Божик.
Примери:
божикна елка

божица повеќе

мн. божици
Вид збор: Именка, женски род
Женско божество.
Англиски: goddess
Примери:
Античка божица.

брат повеќе

мн. браќа
Вид збор: Именка, машки род
Калуѓер во однос на другите калуѓери.
Англиски: monk

братија повеќе

мн. братии
Вид збор: Именка, женски род
Монашка заедница на еден манастир.
Англиски: fraternity Албански: komunitet murg në manastir
Примери:
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија.

бревијар повеќе

мн. бревијари
Вид збор: Именка, машки род
Молитвеник на католичките свештеници со молитви за секој час.
Латински: Breviarium Англиски: breviary

броеница повеќе

мн. броеници
Вид збор: Именка, женски род
бројници
Англиски: rosary Албански: rruzare, tespihe
Примери:
Броеницата на Мајка Тереза.

будизам повеќе

(едн.) будизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религија настаната врз основа на филозофското учење на Сидарта Гаутама, наречен Буда - просветен.
Англиски: Buddhism
Примери:
Во Тибет будизмот е основна религија.

будист повеќе

мн. будисти
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на бидистичката религија.
Англиски: buddhist
Примери:
Тие се будисти.

буле повеќе

мн. булиња
Вид збор: Именка, среден род
Погачка, обично за раздавање за покоен.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш