Религија - категорија

јација повеќе

мн. јации
Вид збор: Именка, женски род
Петта, последна молитва во денот кај муслиманите.
Англиски: prayer Турски: yatsı
Примери:
Јацијата е добро да се клања на време.

јог повеќе

мн. јоги
Вид збор: Именка, машки род
Човек што живее според системот на јогата.
Англиски: yoga
Примери:
индиски јог

јога повеќе

(едн.) јогата
Вид збор: Именка, женски род
Религиозно филозофско учење во индиската традиција според кое преку самосовладување и медитирање може да се дојде до соединување на човекот со природата.
Англиски: yoga Албански: joga

јоги повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на јогата.
Англиски: yogi

Јуда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
еврејски патријарх
Англиски: Judah
Едно од дванаесетте израелски племиња.
Англиски: Judah
Јуда Искариот (според еден од апостолите на Исус кој го предал својот учител).
Англиски: Judas

јудаизам повеќе

(едн.) јудаизмот
Вид збор: Именка, машки род
Сеопштиот начин на живот, поглед на светот, верата, традиционалните верски и национални чувства на Евреите.
Англиски: judaism

јудински повеќе

јудинскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на јуда.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш