Религија - категорија

демон повеќе

мн. демони
Вид збор: Именка, машки род
лош дух, ѓавол
Англиски: demon Албански: djall
Примери:
Демон и ангел.

диецеза повеќе

мн. диецези
Вид збор: Именка, женски род
Кај православните, област под управа на владика, епископ - епископија; кај католиците, област под управа на бискуп - бискупија; кај протестантите, област под управа на парох - парохија.
Англиски: diocese

догматика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Збир од догми во една вера, учење за догмите.
Англиски: dogmatics Албански: dogmatikë
Примери:
Религиозна догматика.
Наука за верските догми.
Англиски: dogmatics Албански: dogmatika
Примери:
Тој предаваше црковна историја и догматика.

докрсти повеќе

Види и: крсти (св. и несв.)
(се) докрстат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане со крстење.
Англиски: cross
Примери:
Двете жени се докрстија и излегоа од црквата.

друговерец повеќе

мн. друговерци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е од друга вера во однос на говорното лице или на некој друг.
Англиски: heterodox
Примери:
Таа е робинка во домот на друговерец.

друговерник повеќе

Види и: друговерец (м.)
мн. друговерници
Вид збор: Именка, машки род
друговерец

духовен повеќе

духовниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на црквата, на духовништвото.
Англиски: religious

духовник повеќе

мн. духовници
Вид збор: Именка, машки род
свештеник
Англиски: priest
Примери:
Духовникот ја благослови трпезата.

духовништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
свештенички сталеж
Англиски: clergy

душа повеќе

мн. души
Вид збор: Именка, женски род
Нематеријалното начело на животот на човекот кое по смртта го напушта телото.
Англиски: spirit Албански: shpirt

душогрижник повеќе

мн. душогрижници
Вид збор: Именка, машки род
свештеник, поп
Англиски: pastor Албански: prift
Примери:
Селаните се загрижија да не останат без свој душогрижник.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш