Религија - категорија

евангелски повеќе

Види и: евангелие (ср.)
евангелскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со евангелие.
Англиски: evangelic
Примери:
евангелски текстови

еврејски повеќе

еврејска
Вид збор: Придавка
Што се однесува кон Евреите или Еврејската религија.
Англиски: jewish
Примери:
еврејски гробишта

еврејство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
еврејска религија
Англиски: Judaism
Примери:
Еврејството се враќа на Балканот.

евхаристија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во католичката црква молитва за благодарност.
Англиски: Eucharist Албански: eukaristia

едем повеќе

мн. едеми
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Според Библијата – градина, рај на Земјата, Земјиниот рај.
Англиски: Eden Албански: Eden, kopshti i Ademit e i Havës

еднобожец повеќе

мн. еднобошци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што верува во еден бог.
Англиски: monotheist

еднобожие повеќе

Види и: еднобоштво (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
еднобоштво
Англиски: monotheism

еднобоштво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Верување во еден бог.
Англиски: monotheism

едноверник повеќе

мн. едноверници
Вид збор: Именка, машки род
едноверец

едноногиот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
(само во членувана форма) ѓавол
Англиски: devil
Примери:
Од тоа и до денеска останало да велиме за ѓаволот: Едноногиот или куциот.

езан повеќе

езанот
Вид збор: Именка, машки род
Повик на муезинот до муслиманските верници дека е време за молитва.
Англиски: call to prayer Турски: ezan
Примери:
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата.

езуит повеќе

мн. езуити
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на католички монашки ред што се борел против реформацијата со сите дозволени и недозволени средства.
Латински: Jesuita Англиски: Jesuit Албански: jezuit

екскомуницира повеќе

екскомуницираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува од црковна заедница, фрли, фрла анатема.
Англиски: excommunicate Албански: ekskomunikim

екумена повеќе

мн. екумени
Вид збор: Именка, женски род
Христијанска заедница во еден простор или во целиот свет.
Англиски: ecumenical movement
Примери:
Одредени примери во христијанската екумена имаат ефекти над разумните очекувања.

епископ повеќе

мн. епископи
Вид збор: Именка, машки род
Лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје.
Англиски: bishop Албански: peshkop

ерес повеќе

мн. ереси
Вид збор: Именка, машки род
Отстапување од учењето на официјалната црква.
Англиски: heresy Албански: herezi
Примери:
Безумна ерес.

еретик повеќе

мн. еретици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што отстапува од учењето на официјалната црква.
Англиски: heretic Албански: eretik
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш