Религија - категорија

Ханука повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Празник на светлината, што се одбележува со палење светилки и се одбележува на 25-от ден од еврејскиот месец Кислев (ноември-декември)
Англиски: Hanukkah
Примери:
светилка за Ханука

хаџија повеќе

Види и: аџија (м.)
мн. хаџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што бил на аџилак.

херувика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Црковна песна во која се споменуваат херувими.

херувим повеќе

мн. херувими
Вид збор: Именка, машки род
Во христијанската митологија - ангел од повисок ред.
Англиски: cherub
Примери:
Сите серафими и херувими.

херувимски повеќе

Види и: херувим (м.)
херувимска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на херувим.
Примери:
Херувимска песна.

хиндуизам повеќе

(едн.) хиндуизмот
Вид збор: Именка, машки род
Главна религија и филозофија во Индија којашто се одликува со верување во многубоштво и реинкарнација.
Англиски: Hinduism

храм повеќе

мн. храмови
Вид збор: Именка, машки род
Зграда за богослужение, црква.
Англиски: temple Албански: faltore, tempull
Примери:
Биле ограбени сите храмови.

христијанизира повеќе

христијанизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на христијанизација.
Англиски: christianize Албански: krishterizoj
Примери:
тогаш беа христијанизирани сите племиња што живееја таму.
(се христијанизира) се покрсти, се покрстува
Англиски: christianize Албански: krishterizohem

христијанин повеќе

мн. христијани
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на христијанската вера.
Англиски: christian

христијански повеќе

христијанска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на христијанин и христијанство.
Англиски: christian
Примери:
Христијанска црква.

христијански повеќе

Вид збор: Прилог
христијански
Примери:
Се држи христијански.

христијанство повеќе

(едн.) христијанството
Вид збор: Именка, среден род
Религија што поникнала во првиот век од нашата ера, а во чија основа лежи верата во Исуса Христа.
Англиски: Christianity Албански: krishterimi
Примери:
Проповеда христијанство.
Сите припадници на христијанската вера.
Англиски: Christianity Албански: krishter
Примери:
Сето христијанство стана против тоа.

Христос повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Името на Исус од Назарет за кој христијаните веруваат дека е Синот Божји.
Англиски: Christ Албански: Krishti
Икона, слика или фреска на Исус.
Англиски: Christ Албански: Jezu

хулење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
улење
Англиски: blasphemy

хули повеќе

хулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Напаѓа, навредува, исмева нешто што е свето.
Англиски: blaspheme
Примери:
Не хули (на) бога.

хулител повеќе

мн. хулители
Вид збор: Именка, машки род
Човек што хули.
Англиски: blasphemist

хулник повеќе

мн. хулници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што хули.
Англиски: blasphemist

хурија повеќе

мн. хурии
Вид збор: Именка, женски род
Девојка во муслиманскиот рај; рајска, небеска убавица.
Турски: huri
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш