Религија - категорија

лама повеќе

мн. лами
Вид збор: Именка, женски род
Поглавар на тибетски манастир; тибетски и будистички калуѓер.
Англиски: lama Албански: Lama
Примери:
Далај-лама - врховен свештеник во ламаизмот.

легат повеќе

мн. легати
Вид збор: Именка, машки род
Претставник на папата во католичката црква.
Англиски: legate Албански: legat, përfaqësues i papës në kishën katolike

литургија повеќе

мн. литургии
Вид збор: Именка, женски род
Црковна книга со литургиски текстови.
Англиски: liturgy Албански: liturgji

лутеран повеќе

мн. лутерани
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на учењето на Мартин Лутер, основачот на германската реформистичка, протестантска црква.
Англиски: Lutheran

лутеранство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
протестантска вероисповед
Англиски: lutheranism
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш