Религија - категорија

завет повеќе

мн. завети
Вид збор: Именка, машки род
Дел од Библијата.
Англиски: testament Албански: testament
Примери:
Стариот завет

задгробен повеќе

задгробниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, според религиозните верувања, на тоа што постои, што доаѓа по смртта.
Англиски: after-death
Примери:
задгробен живот, задгробни суштества

задужбина повеќе

мн. задужбини
Вид збор: Именка, женски род
Градба (обично црква, манастир) подигната за душа и во спомен на основачот.
Англиски: foundation Албански: vendtrashëgimi
Примери:
Ги обиколи сите свете места и задужбини.

зајре повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
задушница
Турски: zahire Албански: meshë për shpirt

закон повеќе

мн. закони
Вид збор: Именка, машки род
Вера, верски прописи.
Англиски: belief Албански: fe
Примери:
Законот на Христа нам не ни дозволува да се жениме повеќепати.

заповед повеќе

мн. заповеди
Вид збор: Именка, женски род
Религиозна обврска.
Англиски: commandment Албански: urdhër fetar
Примери:
божја заповед

зарече повеќе

заречат
Вид збор: Глагол, свршен
Вети, обврзе (во религиозна смисла).
Англиски: pledge Албански: premtoj
Примери:
Мајка ми ме зарекла на Св. Илија.

Земзем повеќе

Вид збор: Име
Извор во Мека чија вода се користи за време на аџилак; света вода.
Турски: zemzem
Примери:
Тоа е земзем водичка на кусиот пат до големите надојдени матни води.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш