Анатомија - категорија

абдомен повеќе

мн. абдомени
Вид збор: Именка, машки род
Стомак, стомачна празнина.
Латински: abdomen Англиски: abdomen Албански: abdomen, bark

абдоминален повеќе

абдоминалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на абдомен.
Англиски: abdominal Албански: abdominal
Примери:
абдоминални сегменти

алче повеќе

Види и: алка (ж.)
мн. алчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вдлабнат дел на чашката на коленото.
Албански: thellsinë

ампула повеќе

мн. ампули
Вид збор: Именка, женски род
Проширен дел од цевчест орган.
Англиски: ampoule Албански: ampulë

анус повеќе

мн. ануси
Вид збор: Именка, машки род
Заден отвор на дебелото црево кај човек или кај животно.
Латински: anus Англиски: anus Албански: anus, zgurdhë

аорта повеќе

мн. аорти
Вид збор: Именка, женски род
Главната артерија што излегува од левата преткомора на срцето.
Англиски: aorta Албански: aortë

аркада повеќе

мн. аркади
Вид збор: Именка, женски род
Дел од челната коска над окото.
Англиски: arcade Албански: arkadë

артерија повеќе

мн. артерии
Вид збор: Именка, женски род
Крвен сад што ја пренесува крвта од срцето кон другите органи на телото.
Англиски: artery Албански: arterie

ашик повеќе

мн. ашици
Вид збор: Именка, машки род
Коска од задното колено на животните.
Албански: asht
Примери:
Како деца си игравме со ашици.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш