back - онтологија

грб повеќе

мн. грбови
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел од телото меѓу вратот и половината.
Српски: леђа Албански: shpinë Бугарски: гръб
Употреба: Анатомија
Примери:
Грбот го болеше од тешкиот товар.

заден повеќе

задни
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа одназад, одзади.
Примери:
Се упати кон задниот дел од двориштето.

задница повеќе

мн. задници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од облека што го покрива задниот дел од телото.
Албански: pasmë
Примери:
Носеше стари панталони со закрпена задница.

крст повеќе

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои cе вкрстува.
Албански: kryqëza
Употреба: Анатомија
Примери:
Чувствува болки во крстот.

назад повеќе

Вид збор: Прилог
Во спротивна насока од гледањето, од движењето, кон појдовното место.
Примери:
Луѓето се враќаа назад како изгубени.
Во претходна состојба, како што било.
Примери:
Си го доби назад сиот имот.

плеќи повеќе

плеќите
Вид збор: Именка, множина
Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот.
Албански: supe
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
И го легна на плеќи.

половина повеќе

мн. половини
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човекот.
Албански: mesi
Употреба: Анатомија

тил повеќе

мн. тилови
Вид збор: Именка, машки род
задниот дел на главата
Албански: prapa
Употреба: Анатомија
Примери:
(разг.) Кога ќе си го видам тилот.
заден дел
Албански: prapa
Употреба: Разговорно
Примери:
(разг.) фронт и тил

тилје повеќе

Види и: тил (м.)
(едн.) тилјето
Вид збор: Именка, среден род
тил
Примери:
Го удри со тилјето на секирата.

цурик повеќе

Вид збор: Прилог
назад, назадечки
Германски: zurück
Употреба: Разговорно
Примери:
„Цурик!“, пајтонџијата ги повлече дизгините.