Ботаника - категорија

авокадо повеќе

мн. авокада
Вид збор: Именка, среден род
Јадлив плод во облик на круша од јужноамериканско дрво што припаѓа кон фамилијата на лавори.
Латински: persea americana Англиски: avocado Албански: avokado
Примери:
Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчукот со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.

агруми повеќе

агрумите
Вид збор: Именка, множина
Општ, заеднички назив за јужното овошје со киселкав вкус, лимон, грејпфрут и сл.
Англиски: citrus fruits

азалеја повеќе

мн. азалеи
Вид збор: Именка, женски род
Украсна дрвенеста собна билка со крупни бели, розови или црвени цветови без мирис.
Латински: Azalea indica Англиски: Azalea Албански: azale, lule dhome

ајдучица повеќе

мн. ајдучици
Вид збор: Именка, женски род
Вид цвеќе со долго стебленце и со бели или жолти цветови, лековита билка, ајдучка трева.
Латински: Achillea millefolium Англиски: yarrow Албански: lule Akili

акација повеќе

мн. акации
Вид збор: Именка, женски род
Листопадно дрво или џбун што припаѓа кон фамилијата на мимозите.
Латински: Acacia Англиски: acacia Албански: akacie

актинидија повеќе

мн. актинидии
Вид збор: Именка, женски род
Суптропско овошно дрво, што расте како лозата, со плодови со влакнеста тенка обвивка, однадвор кафени, внатре зеленкасти со киселкав вкус.
Англиски: kiwi Албански: aktinidia, kivi

алга повеќе

мн. алги
Вид збор: Именка, женски род
Водна билка без корен, жили и без цвет со растителна боја (хлорофил).
Латински: algae Англиски: alga Албански: algë
Примери:
Мириса на сол и алги, на риби и птици.

алое вера повеќе

Вид збор: Сложенка
Пустинска билка чии состојки се користат за лекување или за нега на кожата.
Латински: aloe vera Англиски: aloe vera
Примери:
Витаминот Б 17 се покажал успешен во борбата со ракот, потоа семе од коприва, имела, алое вера и некои видови печурки.

амарела повеќе

мн. амарели
Вид збор: Именка, женски род
Вид вишна со плодови со светло-црвена боја.
Латински: amarellum Англиски: amarelle
Примери:
сок од амарела

амарилис повеќе

мн. амарилиси
Вид збор: Именка, машки род
Украсно растение со крупни цветови свртени еден спроти друг, народен назив - јатрви.
Латински: Аmаryllis Англиски: Amaryllis Албански: amarylis

амброзија повеќе

мн. амброзии
Вид збор: Именка, женски род
вид плевел
Латински: Ambrosia artemisiifolia Англиски: common ragweed

амфибија повеќе

мн. амфибии
Вид збор: Именка, женски род
Билка која расте и на земја и во вода (трска, дива перуника).
Латински: Iris Англиски: iris Албански: amfibia

ананас повеќе

мн. ананаси
Вид збор: Именка, машки род
Суптропско растение и плод.
Латински: Ananas sativus Англиски: pineapple Албански: ananas

анасон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишна лековита билка со многу пријатен мирис, се употребува во народната медицина или како зачин.
Латински: Pimpinella anisum Англиски: anise Турски: anason Албански: anason, anise

анемона повеќе

мн. анемони
Вид збор: Именка, женски род
Украсна билка, висока до 1 м. со крупни бели, розови и црвени цветови.
Латински: Аnemone hepatica Англиски: anemone Албански: anemonë

анис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
анасон
Латински: Pimpinella anisum Англиски: anise Албански: anise, anason

апоплексија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Изненадно целосно или делумно изумирање на крошната на овошните дрвја.
Англиски: apoplexy Албански: apopleksi

ардал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Растение со ситни жолти цветови од чие семе се прави зачин.
Латински: Sinapis arvensis Англиски: mustard Турски: hardal Албански: ardal, mustardë

аронија повеќе

мн. аронии
Вид збор: Именка, женски род
Листопаден џбун со сини јадливи плодови.
Латински: Aronia prunifolia Англиски: aronia
Примери:
Аронијата може да стане македонски бренд како храна и лек.

арпа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Нелупен ориз.
Англиски: rice Турски: arpa Албански: arpë, oris i papastruar
Примери:
Го мереа степенот на влажност на арпата.

артичока повеќе

мн. артичоки
Вид збор: Именка, женски род
Со трнот сродна билка со големи цветови чија чашка се јаде.
Латински: Cynara cardunculus Англиски: artichoke Албански: angjinarë
Примери:
Чашката на магарешкиот трн порано се јадела како артичока.

аршлама повеќе

мн. аршлами
Вид збор: Именка, женски род
Едногодишно растение, со главичка во земјата и издолжени листови, пера, сладок кромид.
Латински: Allium fistulosum Англиски: scallion Албански: qepë mashkull

аспарагус повеќе

мн. аспарагуси
Вид збор: Именка, машки род
Повеќегодишно растение со долги, кревки, разгранети стебленца со ситни лушпести светлозелени ливчиња и бели или жолтеникави ситни цветчиња; некои подвидови се користат за исхрана, а некои како украсни растенија.
Латински: Asparagus officinalis Англиски: asparagus Албански: shparg
Примери:
Супа од аспарагус.

афион повеќе

мн. афиони
Вид збор: Именка, машки род
Афион е растение од фамилијата макови од кое се добива опиум и афионово семе.
Латински: Papaver Somniferum Англиски: poppy Турски: afyon Албански: afion, lule kuqe
Примери:
Одгледувањето на афионот во Македонија замре во педесеттите години од минатиот век.

афионов повеќе

Види и: афион (м.)
афионовиот
Вид збор: Придавка
Што е од афион.
Албански: i afionit
Примери:
афионова чушка

ашладиса повеќе

ашладисаат
Вид збор: Глагол, свршен
накалеми
Англиски: graft Турски: haşlamak Албански: shartoj, mbjell
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш