Ботаника - категорија

чај повеќе

мн. чаеви
Вид збор: Именка, машки род
Тропско или суптропско растение.
Латински: Thea chinensis Англиски: tea Турски: çay Албански: çaj

чам повеќе

мн. чамови
Вид збор: Именка, машки род
Иглолисно дрво - ела, бор, смрека.
Англиски: fir Турски: çam Албански: pishë

чам-саказ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Смола од иглолисници за џвакање.
Англиски: pine resin Турски: çam sakızı Албански: çam-çakëz

чатал повеќе

мн. чатали
Вид збор: Именка, машки род
Раздел на дрво, како вила.
Англиски: ramification Турски: çatal Албански: çatall, bigëzim

чашка повеќе

Види и: чаша (ж.)
мн. чашки
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна, зелена обвивка на цвет.
Албански: mbështjellës i lules

чеклас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Игличките на класот кај некои жита и сл.
Албански: gjilpëra kallami

чемер повеќе

мн. чемери
Вид збор: Именка, машки род
чемерика
Англиски: False Helleborine

чемерика повеќе

мн. чемерики
Вид збор: Именка, женски род
Вид отровно растение
Латински: Veratrum album Англиски: False Helleborine Албански: shtarë

чемпрес повеќе

мн. чемпреси
Вид збор: Именка, машки род
иглолисно дрво
Латински: Cupressaceae Англиски: cypress

черевиз повеќе

Види и: керевиз (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
целер
Англиски: celery Турски: kereviz Албански: selino, celer

черемуша повеќе

Види и: цремша (ж.)
мн. черемуши
Вид збор: Именка, женски род
цремша

чесен повеќе

мн. чесни
Вид збор: Именка, машки род
Одделен дел од главица лук.
Англиски: clove Албански: thelë

четина повеќе

мн. четини
Вид збор: Именка, женски род
листови во форма на иглички
Примери:
борови четини
Ситни влакненца што се јавуваат на некои органи на растението (на листот, на стеблото и сл.)
Примери:
Опачината на листот е покриена со четини.

четинар повеќе

мн. четинари
Вид збор: Именка, машки род
Дрвја и грмушки со листови во форма на иглички, со форма на четини.

чешлика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Диво растение со цветови во вид на чешел.
Латински: Dipsacus silvestris Англиски: teasel Албански: gërhanë

чивит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
индиго
Латински: Indigofera tinctoria Англиски: indigo Турски: çivit Албански: çivit, indigo, llullaq

чија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Билка од родот жалфија користена од северноамериканските Индијанци за исхрана.
Латински: Salvia columbariae Англиски: chia

чинар повеќе

чинарот
Вид збор: Именка, машки род
платан, јавор
Латински: Platanus orientalis Англиски: plane-tree Турски: çınar Албански: çinar, panje
Примери:
Охридскиот чинар.

чичек повеќе

Види и: чичка (ж.)
мн. чичеци
Вид збор: Именка, машки род
чичка
Англиски: thistle Албански: gjembaç, carangth

чичка повеќе

мн. чички
Вид збор: Именка, женски род
диво трнливо растение
Латински: Carduus nutans Англиски: Musk Thistle Албански: carangth misku
Трнката на тоа растение.
Англиски: thistle Албански: carangth

чокот повеќе

мн. чокоти
Вид збор: Именка, машки род
Дрвенест дел на винова лоза.
Англиски: vine
Примери:
стари чокоти

чубрика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Зачинска билка, најчесто кај нас се става в грав.
Латински: Saturcia hortensis Англиски: Summer savory Албански: bimë erëze

чушка повеќе

мн. чушки
Вид збор: Именка, женски род
пиперка
Англиски: pepper Албански: piper, spec
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш