Лингвистика - категорија

палатал повеќе

мн. палатали
Вид збор: Именка, машки род
Согласка што се изговара со допир на врвот на јазикот кон тврдото непце; тврдонепчена согласка.
Англиски: palatal
Примери:
ќ, ѓ, ј, њ

палатален повеќе

палаталниот
Вид збор: Придавка
За глас - мек, смекнат.
Англиски: palatal
Примери:
палатален глас

палатализација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Смекнување на согласка под влијание на соседниот глас.
Англиски: palatization

палатализира повеќе

палатизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави да стане палатален.
Англиски: palatize Албански: palatalizoj
(се палатизира) стане палатен
Англиски: palatize Албански: palatalizohet

палатализиран повеќе

палатизирани
Вид збор: Придавка
Подложен на палатализација, смекнат.
Англиски: palatized
Примери:
Палатализирана согласка.

палатализирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
палатализира
Англиски: palatization

палеославист повеќе

мн. палеослависти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по палеославистика.

палеославистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за првиот, најстар, период од развојот на словенските јазици.

палиндром повеќе

мн. палиндроми
Вид збор: Именка, машки род
Збор што се чита еднакво однапред и одзади и притоа значењето не се менува.
Англиски: palindrome
Примери:
потоп

панграм повеќе

мн. панграми
Вид збор: Именка, машки род
Реченица, што ги содржи сите букви на азбуката. Во вистински панграм секоја буква се појавува само еднаш.
Англиски: pangram
Примери:
Во филџан чај, љубопитна ноќ; со ѕвезди гушкање, ѓердан нижам халуцинации. (Васил Карев)

параграф повеќе

мн. параграфи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од текст во правилник и др. со кој се почнува нов став со самостојно значење
Англиски: paragraph Албански: paragraf
Примери:
Се бележи со знакот §.

парадокс повеќе

мн. парадокси
Вид збор: Именка, машки род
Подвид на антитезата: реченица каде што два дела на прв поглед делуваат спротивни, но сепак стојат едно до друго.
Англиски: paradox Албански: paradoks
Примери:
Не се плашам, ама ми е страв.

парајазик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Елементи или фактори што им припомагаат на јазичните средства во општењето (обично интонацијата, акцентот, гестикулацијата и др.).
Примери:
Говорот содржи невербални елементи познати како парајазик, како квалитет на глас, емоции и начин на зборување.

парола повеќе

мн. пароли
Вид збор: Именка, женски род
Конкретен јазик (според Фердинанд де Сосир)
Англиски: parole Албански: parrulë

пароним повеќе

мн. пароними
Вид збор: Именка, машки род
Збор што е близок по гласовниот состав со друг збор, но не е истозначен со него.
Англиски: paronym
Примери:
стрина - струна

парономазија повеќе

мн. парономазии
Вид збор: Именка, женски род
Игра на зборови со исто или слично значење.
Англиски: paronomasia
Примери:
Женска сила за на носила.

пејоратив повеќе

мн. пејоративи
Вид збор: Именка, машки род
грд, погрден збор
Англиски: pejorative

плеонастичен повеќе

плеонастичниот
Вид збор: Придавка
Што претставува плеоназам.
Англиски: pleonastic
Примери:
плеонастички израз

повеќебуквен повеќе

повеќебуквениот
Вид збор: Придавка
Што содржи повеќе букви.
Англиски: multi letter
Примери:
повеќебуквена скратеница

повеќесложен повеќе

повеќесложниот
Вид збор: Придавка
Што се состои од повеќе слогови.
Англиски: polysyllabic
Примери:
повеќесложен збор

поимник повеќе

мн. поимници
Вид збор: Именка, машки род
Листа на поими со нивно објаснување или значење на други јазици.
Англиски: dictionary
Примери:
ИТ-поимник

показен повеќе

Види и: показ (м.)
показни
Вид збор: Придавка
Што покажува, што служи да покаже нешто.
Примери:
Показен материја.

полиглосија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Знаење на многу јазици.
Англиски: polyglossia

полиморфемен повеќе

полиморфемниот
Вид збор: Придавка
Што е составен од повеќе морфеми.
Англиски: polymorphe
Примери:
полиморфемни суфикси

полисемија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Многузначност, повеќезначност на еден збор.
Англиски: polysemy
Примери:
полисемија на лексемата

полисиндет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Честа употреба на сврзници како врска во сложената реченица.
Англиски: polysyndeton
Примери:
И кој како доаѓал и доаѓа, и кој како минувал и минува се вљубува во оваа земја.

полонист повеќе

мн. полонисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со полонистика.

полонистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на јазикот, книжевноста и историјата на полскиот народ.

полувокал повеќе

мн. полувокали
Вид збор: Именка, машки род
полуглас
Англиски: semivocal

полувокален повеќе

Види и: полувокал (м.)
полувокалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на полувокал, полуглас.
Примери:
полувокален изговор

полуглас повеќе

мн. полугласови
Вид збор: Именка, машки род
Назив за старословенските редуцирани гласови и соодветните букви голем и мал ер.
Англиски: semivowel Албански: gjysëmzë
Придружна темна самогласка што се слуша при изговорот на согласка (сржи, за'ржи; при определен изговор; б', в' итн.)
Англиски: semivowel Албански: gjysëmzë

полугласен повеќе

полугласниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на полуглас.
Примери:
Полугласен изговор.

полугласка повеќе

мн. полугласки
Вид збор: Именка, женски род
Назив за старословенските редуцирани гласови и соодветните букви голем и мал ер.

полусложен повеќе

полусложениот
Вид збор: Придавка
Што не е сложен туку разделен со цртичка.
Примери:
Балет-мајстор е полусложена именка.

помакедончи повеќе

помакедончат
Вид збор: Глагол, свршен
Преведе, препее на македонски јазик.
Англиски: translate into Macedonian Албански: maqedonizoj, përkthej maqedonisht

правоговор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Правилен литературен изговор на гласовите и зборовите во еден јазик.
Англиски: pronunciation
Примери:
правопис и правоговор

правоговорен повеќе

Види и: правоговор (м.)
правоговорниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на правоговор.
Примери:
правоговорна норма

правопис повеќе

(едн.) правописот
Вид збор: Именка, машки род
Општоусвоен систем на правила и графички знаци за пишување на зборовите на еден јазик.
Англиски: spelling Албански: drejtëshkrim
Примери:
фонетски правопис

прагматика повеќе

(едн.) прагматиката
Вид збор: Именка, женски род
Проучување на јазичните единици од аспект на неговите корисници во одност употребата на јазичните средства.
Англиски: pragmatic Албански: pragmatik

прајазик повеќе

мн. прајазици
Вид збор: Именка, машки род
Прастар јазик, заеднички за група сродни јазици и теориски установен врз основа на споредување меѓу тие јазици.
Англиски: protolanguage
Примери:
индоевропски прајазик

преводлив повеќе

преводливи
Вид збор: Придавка
Што може да се преведе од еден на друг јазик.
Англиски: translatable
Примери:
Тешко преводливи термини.

преглас повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Промена на бојата на глас, самогласка под влијание на соседниот глас.
Англиски: vowel mutation

презентски повеќе

презентскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на презент.
Англиски: present
Примери:
презентска основа

преносен повеќе

преносни
Вид збор: Придавка
Вторично значење на збор.
Англиски: metaphorical

провинцијализам повеќе

мн. провинцијализми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз од дијалектниот јазик, некарактеристичен за литературниот јазик.
Англиски: provincialism Албански: provincializëm
Примери:
Авторот често целно употребува провинцијализми.

продуктивен повеќе

продуктивни
Вид збор: Придавка
Јазичен елемент што е жив, активен во зборообразувањето.
Англиски: productive Албански: produktiv
Примери:
Продуктивни наставки.

прозодија повеќе

мн. прозодии
Вид збор: Именка, женски род
Систем на изговарање на акцентираните и неакцентираните и на долгите и кратките слогови во речта.
Англиски: prosody
Примери:
македонска прозодија

пропозиција повеќе

мн. пропозиции
Вид збор: Именка, женски род
Во лингвистиката - синоним за реченица.
Англиски: proposition Албански: propozim

просентенција повеќе

мн. просентенции
Вид збор: Именка, женски род
Термин што означува службен збор или фраза што заменува цела реченица (или повеќе реченици) и што сам по себе не би имал значење доколку не го добие од контекстот во кој се наоѓа, најчесто нешто претходно кажано и се јавува на почеток од реченицата.
Англиски: pro-sentence
Примери:
Дали уште ти се јаде бурек? – Да (уште ми се јаде бурек), но не е важно.
Како просентенција можат да се јават и заменките „ова“, „она“ и „тоа“.
Англиски: pro-sentence
Примери:
Ова е фактот (што го пишува претходно) што докажува дека лавовите, во основа, се мирни животни.

просентенцијализација повеќе

мн. просентенцијализации
Вид збор: Именка, женски род
просентенцијален, анафоричен процес
Примери:
Кој ќе игра? – Јас. – Кој ќе пее? – Јас.

протеза повеќе

мн. протези
Вид збор: Именка, женски род
Додавање слог или глас на почетокот на зборот.
Албански: rimoj fillimin e fjalës
Примери:
олку - волку

протојазик повеќе

мн. протојазици
Вид збор: Именка, машки род
Исконски, почетен јазик.
Англиски: protolanguage
Примери:
Сите јазици потекнуваат од тој древен протојазик.

професионализам повеќе

(едн.) професионализмот
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз што се употребува во определена професионална средина.
Англиски: terminology Албански: profesionalizëm

психолингвистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за изучување на психолошките аспекти на јазикот.
Англиски: psycholinguistics

пуризам повеќе

(едн.) пуризмот
Вид збор: Именка, машки род
Стремеж кон чистење на јазикот од туѓи елементи.
Англиски: purism Албански: purizëm

пурист повеќе

мн. пуристи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се залага за беспрекорна чистота во јазикот.
Англиски: purist

пусто повеќе

Вид збор: Честичка
При искажување незадоволство.
Примери:
Пусто, што не можам сам да одам да видам.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш