Лингвистика - категорија

македонизам повеќе

мн. македонизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или јазична конструкција карактеристична за македонcкиот јазик, а преземена во друг јазик.

македонист повеќе

мн. македонисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со македонистика.
Примери:
Академикот ќе одржи предавање пред славистите и македонистите на семинарот во Охрид.

македонистика повеќе

(едн.) македонистиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука што cе занимава со проучување на јазикот, книжевноста и историјата на македонскиот народ.
Албански: maqedonistika
Примери:
Институт за Македонистика.

мандарински повеќе

Види и: мандарин (м.)
мандаринскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мандарин.

метајазик повеќе

мн. метајазици
Вид збор: Именка, машки род
Јазик или систем на симболи што служи за опишување или анализа на еден друг јазик.
Англиски: metalanguage
Примери:
критички метајазик

метатеза повеќе

мн. метатези
Вид збор: Именка, женски род
Преместување на гласови во зборот.
Англиски: metathesis
Примери:
грозје - гројзе, Дојран - Дорјан

метафора повеќе

мн. метафори
Вид збор: Именка, женски род
Јазично изразно средство на пренесување кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради сличност по некое обележје; воопшто, пренесено, сликовито изразување на некој поим.
Англиски: metaphor Албански: metaforë
Примери:
челична волја

метонимија повеќе

мн. метонимии
Вид збор: Именка, женски род
Јазично изразно средство на пренесување кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради нивната блиска врска.
Англиски: metonymia
Примери:
луди години - младост

монема повеќе

мн. монеми
Вид збор: Именка, женски род
Најмал, натаму неделив значенски јазичен облик; како лексички единици монемите cо нарекуваат лексеми, а како граматички морфеми.

моравизам повеќе

мн. моравизми
Вид збор: Именка, машки род
Лексеми од западнословенската лексика што е внесена во црковните книги во Моравија место некои јужномакедонски изрази.
Примери:
Лексемата „balii“ се смета за моравизам.

морфема повеќе

мн. морфеми
Вид збор: Именка, женски род
Најмала значенска единица во составот на зборот (корен, претставка, наставка).
Англиски: morpheme
Примери:
членска морфема

морфемски повеќе

морфемскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на морфема.
Примери:
Морфемски низи.

морфологија повеќе

(едн.) морфологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за формите - дел од граматиката што ги проучува формите на зборовите и нивните значења.
Англиски: morphology Албански: morfologji

морфонологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката што ги изучува врските меѓу морфологијата и фонетиката.
Примери:
фонологија и основи на морфонологијата на полскиот јазик

морфосинтакса повеќе

(едн.) морфосинтаксата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од синтаксата што ги проучува морфемите, заедно со нивните функции, службите во реченицата.

морфотактика повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Системско разместување на морфемите како јазични единици во линеарна низа на морфемско рамниште.

мултилингвален повеќе

мултилингвалниот
Вид збор: Придавка
Што е на повеќе јазици.
Англиски: multilingual
Примери:
мултилингвален речник
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш