look - онтологија

види повеќе

Види и: види (св.)
Вид збор: Извик
При исчудување.
Албански: vështrim
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Види, види, што голем маж си бил!
За потсилување.
Албански: vështrim
Употреба: Неменлив збор
Примери:
Види, вака, тоа ќе го направиме по овој модел.

гледа повеќе

гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се угледува на некого, зема пример од некого.
Албански: shikon
Примери:
Учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта.
(се гледа) заемно
Албански: sheh
Примери:
Двајцата конзули се гледаа очи во очи настојувајќи да бидат непринудени на разговор.

ете повеќе

Вид збор: Честичка
За посочување или за покажување на нешто што е видено, забележано каде и да било.
Примери:
Ете, штрковите се вратија.

загледа повеќе

Види и: гледа (несв.)
загледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес.
Албански: shikon
Примери:
Го загледа писмото од сите страни.

изгледа повеќе

Види и: гледа (несв.)
изгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмери со поглед.
Албански: vështrim
Примери:
Младиот човек го изгледа стрика си со негодување.

изгледа повеќе

изгледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има некаков надворешен облик, изглед, личи.
Албански: pamje
Примери:
Тој изгледаше пристојно.

испули повеќе

(се) испулат
Вид збор: Глагол, свршен
изгледа, разгледа
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се испули наоколу.

лик повеќе

мн. ликови
Вид збор: Именка, машки род
Облик на шара, орнамент, на монета и сл.
Албански: pamje
Употреба: Граматика
Примери:
Златник со ликот на Гоце Делчев.

наѕре повеќе

наѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Погледне, фрли поглед на нешто.
Албански: shikoj
Примери:
Наѕре од скалите надолу.

обгледа повеќе

обгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обгледа) Фрли поглед на себеси, се погледне.
Примери:
Се обгледа во алиштата и излезе.

опул повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
поглед
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Со опулот ја опфати белата куќа.

опули повеќе

опулат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опули) погледне
Албански: shikon
Примери:
Тој им се опули право во очите.

поглед повеќе

мн. погледи
Вид збор: Именка, машки род
Насоченост на очите кон некого, на нешто.
Албански: shikim, vështrim
Примери:
Го следи со поглед.
Израз на очите како одраз на душевната состојба.
Албански: vështrim
Примери:
испитувачки поглед

погледа повеќе

погледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Гледа малку, кратко време.
Албански: shoh
(се погледа) Задржи поглед на себе.
Албански: shikohem, shihem
Примери:
Се погледа во огледалото.
(се погледа) Насочи поглед еден кон друг, заемно.
Албански: shikohen
Примери:
Се погледаа и ништо не рекоа.

погледне повеќе

погледнат
Вид збор: Глагол, свршен
Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто.
Албански: shikoj
Примери:
Го погледна право в лице.
(се погледне) Насочи поглед кон себе.
Албански: shikoj
Примери:
Се погледна и се позачисти малку.

подзагледа повеќе

Види и: загледа (св.)
подзагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подзагледа) Се загледа малку, во некоја мера еден во друг.
Албански: shikon njëri tjetrin
Примери:
Тие се подзагледаа.

позагледа повеќе

Види и: загледа (св.)
позагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Загледа нешто поинтензивно, со поголемо внимание.
Албански: shikon me intenzitet
Примери:
Тој само го позагледа и ништо не рече.
(се позагледа) Се загледа малку повеќе.
Албански: shikon pak më gjatë
Примери:
Се позагледа околу себе, но не забележа ништо.

поѕирне повеќе

Види и: ѕирне (св.)
(се) поѕирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети краткотрајно.

прилега повеќе

прилегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сличен е со некого или со нешто.
Албански: ngjan
Примери:
Ќерката прилега на мајка си.
(си прилега) Си личат еден на друг.
Албански: përngjan, duket
Примери:
Двајцата си прилегаат како близнаци.

спогледа повеќе

Види и: погледа (св.)
(се) спогледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) погледа

стрела повеќе

стрелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(несв.) Упатува, насочува поглед кон некого.
Албански: shikim
Употреба: Преносно значење
Примери:
За сето време ја стрелаше со очи момата.