root - онтологија

вкорени повеќе

вкоренат
Вид збор: Глагол, свршен
Цврсто всади, зацврсти нешто (во животот, во свеста, во однесувањето).
Албански: rrënjos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вкорени навика.
(се вкорени) Оформи корен, пушти, зафати корен во почвата.
Албански: rrënjosem
Употреба: Ботаника
Примери:
Резниците се вкорениле.
(се вкорени) Се всади, се зацврсти.
Албански: rrënjosem, forcohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа се вкорени во народот.

жила повеќе

мн. жили
Вид збор: Именка, женски род
Оној дел од растението што избива од коренот во земјата и низ кој растението добива храна.
Албански: rrënjë
Употреба: Ботаника
Примери:
Удирав со казма по коренот што пуштил жили на сите страни длабоко вземи.

жили повеќе

жилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пушта жили, корен (за млади, едногодишни гранки што се оставаат да пуштат жили за садење).
Албански: lëshon rrënjë, degëzohet
Употреба: Ботаника
Примери:
Коренот жилеше.

жилиште повеќе

мн. жилишта
Вид збор: Именка, среден род
жила
Албански: rrënjë, dell
Употреба: Аугментатив , Ботаника

зажили повеќе

Види и: жили (несв.)
зажилат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жили.
Албански: ze rrënjë, rrënjos
Употреба: Ботаника
Примери:
Младите садници брзо зажилија.

закорени повеќе

закоренат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - фати корен, пушти жили длабоко во земјата.
Албански: rrënjos
Употреба: Ботаника
Примери:
Младите растенија ги закопа во влажна песок за да закоренат.

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него.
Српски: корен Албански: rrënjë Бугарски: корен
Употреба: Ботаника
Примери:
Дрвото има развиен корен.
Дел од влакно, нерв, нокот или заб што е враснат во ткивото на организмот.
Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Се скрши забот, коренот остана.
Долен дел од некои органи од кој како да расте, да никне органот.
Албански: rrënjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Во коренот на јазикот.
Основата на некои израстоци на телото кај човек или кај животно.
Албански: rrënjë
Примери:
Чирот фати корен.
Непроменлив дел од зборот, без претставки и наставки, што го носи основното значење.
Албански: rrënjë
Употреба: Лингвистика
Примери:
корен на зборот
Големина, која подигната на одреден степен, го потенцира веќе дадениот број.
Албански: rrënjë
Употреба: Математика
Примери:
квадратен корен

коренува повеќе

коренуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вади корен од некој број.
Употреба: Математика

коренушка повеќе

мн. коренушки
Вид збор: Именка, женски род
корен
Примери:
Лупеше коренушки од зелка и ги јадеше.

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Корен на опашка и сл.
Турски: koçan Албански: rrënjë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја откорна опашката од кочанот.

нажили повеќе

(се) нажилат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - пушти жили.
Примери:
За кусо време си најде пат во земјата, се нажили, подрасна.

никулец повеќе

мн. никулци
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Почеток, почетоци на нешто, на некоја појава што се развива.
Албански: rrënjë, embrion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога се зборува за никулците на музичкото творештво во Македонија, најчесто се споменува името на Јован Кукузел.

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фати, само во 3 л. едн.) За цвеќе, растение - пушти корен, почне да расте, да вирее; за боја, малтер и сл. - се задржи, се затврди.
Албански: u kap
Примери:
Се фати лимонот.