turn - онтологија

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Менува правец, се движи, оди на некоја страна, околу нешто.
Албански: rrotulloj
Примери:
Тие таму вртат за дома.
Менува положба.
Албански: rrotullohem, kthehem
Примери:
Врти глава.
Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка).
Албански: rrotulloj
Примери:
Ги врти палачинките во тавата.
Прелистува страници.
Албански: shfletoj
Примери:
Ги вртат листовите од тефтерите за вересиите.
Вложува пари во трговски и други зделки.
Албански: rrotulloj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Врти големи пари.
Искривува, изопачува факт, смисла.
Албански: rrotullon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги врти зборовите како што му одговара.
(се врти) Се насочува на некоја страна.
Албански: kthehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се вртат накај сонцето.
(се врти) Се менува, не е постојан.
Албански: kthehet
Примери:
Смеата се врти на плачка.
Мести, поставува на обратната страна, превртува (месо, палачинка).
Албански: rrotullon

вртка повеќе

мн. вртки
Вид збор: Именка, женски род
свртување, завртување
Албански: rrotullim
Употреба: Дијалектен збор

вртне повеќе

вртнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврти малку.
Албански: rrotullon pak
Примери:
Никој не го вртна чепот.

завие повеќе

Види и: завива (несв.)
завијат
Вид збор: Глагол, свршен
Скршне, сврти, ја промени насоката на движење.
Српски: скренути Албански: kthej, lakoj Бугарски: завивам
Примери:
Го гледаше сѐ додека не зави зад последните куќи.

завој повеќе

мн. завои
Вид збор: Именка, машки род
свијок
Албански: kurba

заврти повеќе

завртат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска.
Албански: rrotullim
Примери:
Го заврте клучот на вратата.
Со движење на една или друга страна смени положба на нешто.
Албански: kthen
Примери:
Тој ги заврте очите кон соседната маса.
Сврти, преврти од една страна на друга.
Албански: kthen
Примери:
Тој заврти нова страница од весникот.
Сврти, скршне при одење, движење.
Албански: kthen
Примери:
Колоната заврте под ридот.
За пари - зачува, не потроши.
Албански: mbron
Примери:
Одвај можеше да заврти некој денар.
подврти, подзасука
Албански: mbërrij
Примери:
Ги заврте ногавиците и загази во реката.
(се заврти) Се сврти во определен правец.
Албански: kthen
Примери:
Се заврти и виде редица луѓе по него.
(се заврти) Се преврти, се премести од една страна на друга.
Албански: kthen
Примери:
Се заврти на другата страна да спие.

изврти повеќе

извртат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна.
Албански: kthej
Примери:
Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето.
Преврти на обратната страна.
Албански: kthej
Примери:
Ги изврте џебовите.

исповрти повеќе

исповртат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш и забележливо заврти нешто.
Албански: kthej, rrotulloj
Примери:
Го исповрте вратот.
(се исповрти) Се заврти одеднаш и забележливо (за повеќемина).
Албански: rrotulloj, kthej
Примери:
Се исповртеа да видат што се случува.

кривина повеќе

мн. кривини
Вид збор: Именка, женски род
За пат, река - свијок, свртување, искривен дел.
Албански: kthesë, lakesë
Примери:
Ги совладува кривините на патот.

кривне повеќе

кривнат
Вид збор: Глагол, свршен
сврти, заврти
Албански: kthen, lakon
Примери:
Ги кривнаа вратовите кон мене.

кршка повеќе

кршкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не оди право, го менува правецот при движењето, не е прав (за пат, река).
Албански: lakon, ndërron drejtimin
Примери:
Зајакот кршка. Патот кршка.

кршне повеќе

кршнат
Вид збор: Глагол, свршен
кршка
Албански: vërtitje, kthesë

наврат повеќе

мн. наврати
Вид збор: Именка, машки род
Навраќање, повторување на иста постапка.
Примери:
Hа неколку наврати им испраќаа помош.

наврти повеќе

навртат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврти, насочи кон нешто.
Албански: drejtoj, kthej
Примери:
Го наврти увото да чуе.
(се наврти) Се сврти на некоја страна.
Албански: drejtohem, kthehem
(се наврти) Се нафрли на нешто, нападне.
Албански: turrem, hudhem
Примери:
Му се навртија на зелникот.

обрати повеќе

обратат
Вид збор: Глагол, свршен
Обрне, посвети внимание некому или на нешто.
Албански: kushtoj
Примери:
Тој го обрати сето внимание на ученикот.
(се обрати) Се обрне кон некого со молба, со барање; каже, соопшти нешто некому.
Албански: drejtoj
Примери:
Му се обрати на момчето со висок тон.

обрне повеќе

обрнат
Вид збор: Глагол, свршен
обрати
Албански: drejtohet
Примери:
Таа не обрна внимание на неговиот гест.
Сврти, заврти нешто на друга страна.
Албански: kthehet
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ја обрна главата кон ѕидот и заспа.
(се обрне) се обрати
Албански: drejtohet
Примери:
Со растреперен глас се обрна кон насобраните луѓе.
(се обрне) се сврти, се заврти, се обѕрне
Албански: kthehet
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Се обрна накај нив.
(се обрне) Се претвори, стане нешто друго.
Албански: ndryshon
Примери:
Парите брзо ги потроши и од чорбаџиски син се обрна во просјак.

одврати повеќе

одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврти, сврти настрана од определениот правец, насочи кон нешто друго.
Албански: kthej
Примери:
Го одврати лицето настрана, да не гледа во болниот.
За вода - одбие, сврти, промени тек.
Албански: kthej
Примери:
Воденичарот ја одврати водата од воденицата за да го поправи мелничкото тркало.

остане повеќе

останат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане некаков како последица на нешто.
Албански: mbeti
Примери:
Тој млад остана вдовец.

подврти повеќе

подвртат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врти малку, во слаба мера.

подзаврати повеќе

Види и: заврати (св.)
подзавратат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврати настрана, наназад нешто, малку, донекаде.
Албански: jep drejtimin, kahjen
Примери:
Тој ја подзаврати водата накај својата леа пипер.

подзаврти повеќе

подзавртат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврти малку, во ограничена мера.
Примери:
Ја подзаврти главата во знак на негодување.
(се подзаврти) Се заврти малку, обично наназад или во определен правец.
Примери:
Се подзаврти да види некој да не ја гледа.

позаврти повеќе

Види и: заврти (св.)
позавртат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврти малку или малку повеќе.
(се позаврти) Се заврти малку или малку повеќе.

поприми повеќе

Види и: прими (св.)
попримат
Вид збор: Глагол, свршен
земе, преземе, стане
Примери:
Неговиот глас поприми заканувачки тон.

преврти повеќе

превртат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврти, заврти нешто од една страна на друга.
Албански: kthej
Примери:
Го преврти капутот.
Стави, премести некого од една страна на друга.
Албански: vendos
Примери:
Тие го превртија болниот на другата страна.
За очи - направи движење како израз на некоја физичка или психичка состојба.
Албански: vërtitje
Примери:
Старицата само преврти со очите и замолчи.
Претури сè барајќи некого или нешто, пребара насекаде.
Албански: përmbys
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја преврти целата куќа, но не ги најде парите.
Измени, промени нешто.
Албански: ndëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа го преврти неговиот живот.
(се преврти) Направи кружно движење околу нешто.
Албански: vërtitje
Примери:
Малите рипчиња се превртија во водата.
(се преврти) Се заврти, се сврти од една страна на друга.
Албански: kthen
Примери:
Детето неколкупати се преврти додека спиеше.
(се преврти) Промени положба, состојба поради нешто.
Албански: ndërron
Примери:
Поради големата брзина, колата се преврти на патот.
(се преврти) Се свие, се превие, се превитка од нешто, поради нешто.
Албански: kthen
Примери:
Луѓето се превртија од смеа.

премине повеќе

преминат
Вид збор: Глагол, свршен
Се претвори во нешто друго.
Албански: kthej
Примери:
Квантитетот премина во квалитет.

престори повеќе

престорат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому поинаков лик, преобрази, промени некого или нешто.
Албански: kthej
Примери:
Животот во туѓина го престори, го направи друг човек.
(се престори) Добие поприми некаков лик, се промени.
Албански: ndryshoj
Примери:
Меѓата слезе меѓу две сливи и се престори во полски пат.
(се престори) Во состав со именките „око, уво“ - сосема целосно се претвори во тоа што е искажано со именката.
Албански: kthim
Примери:
Сиот се престори во уво.

претвори повеќе

претворат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому поинаков лик, преобрази некого.
Албански: shëndroj, kthej
Примери:
Тешкиот живот го претвори во злосторник.
(се претвори) Во состав со именките око, уво, и сл.
Албански: shëndroj, transformoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа целата се претвори во уво.

проврти повеќе

провртат
Вид збор: Глагол, свршен
Врти нешто кратко време.
Примери:
Беше нервозен, го проврте пенкалото неколку пати.
(се проврти) Се врти кратко време.
Примери:
Се проврти да види што се случи.

ред повеќе

мн. редови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Време за извршување на нешто што се прави од повеќемина; време, удобен случај за нешто.
Албански: radhë
Примери:
Си почекав дури ми дојде редот.

свие повеќе

свијат
Вид збор: Глагол, свршен
Измени правец.
Албански: ndryshoj
Примери:
Ќе одиш по оваа врвица, па после ќе свиеш десно.

сврти повеќе

свртат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврти, обрне поглед, лице, глава; измени положба.
Српски: скренути Албански: kthej Бугарски: завивам
Примери:
Го сврте на грб.
Измени правец на движење.
Албански: kthej
Примери:
Одеа по главниот пат, па потоа свртеа лево.
Преврти нешто откај опачината; поднови облека со вртење.
Албански: kthej
Примери:
Сврти го ракавот.
(се сврти) Се заврти; измени своја положба.
Албански: kthej
Примери:
Се сврте со лице кон него.
(се сврти) Измени правец на движење.
Албански: kthej
Примери:
Стигнавме до ѕидот и се свртевме.

свртува повеќе

Види и: сврти (св.)
(се) свртуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сврти

скрши повеќе

скршат
Вид збор: Глагол, свршен
скршне
Албански: thej
Употреба: Разговорно

скршне повеќе

скршнат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврти нешто во друг правец.
Албански: lakoj, kthej
Примери:
Скршна од патот.
Оддалечи се од определена програма, пат и сл.
Албански: lakoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Скршна од линијата па партијата.

скршнува повеќе

Види и: скршне (св.)
скршнат
Вид збор: Глагол, несвршен
скршне

скршнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скршнува
Примери:
Скршнување на лево.

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
претвори
Албански: shëndroj
Примери:
Веднаш го стори девојчето ластовица.
(се стори) се претвори, се преобрази
Албански: shëndroj
Примери:
Тогаш жената се сторила риба.

струже повеќе

стружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува нешто со струг.
Албански: sharroj
Примери:
Струже украсни столпчиња за оградата.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
тргне, се упати, сврти, скршне
Албански: fus, mshoj
Примери:
Војникот бегаше едно време по патот, а потоа удри прекутрупа.

управи повеќе

управат
Вид збор: Глагол, свршен
(се управи) се насочи, се сврти
Албански: drejtoj, kthej
Примери:
Иглата се управи кон север.

чини повеќе

чинат
Вид збор: Глагол, несвршен
претвори, преправи, направи, стори
Албански: shëndron
Примери:
Чини ме едно пиле.
Со перфективно значење: станува, постанува, се претвора
Албански: shëndrohet, bëhet
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе се чинам калуѓерка.