Економија - категорија

абонација повеќе

мн. абонации
Вид збор: Именка, женски род
Претплата
Англиски: subscription Албански: abonim
Примери:
Тој изврши абонација за цела година.

абонент повеќе

мн. абоненти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се абонирал.
Англиски: subscriber
Примери:
Списанието покрај дневните купувачи има и многу абоненти.

абонентски повеќе

Види и: абонент (м.)
абонентскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на абонентот, на претплатата и на претплатникот.
Примери:
абонентски чек

аванс повеќе

мн. аванси
Вид збор: Именка, машки род
Уплата или исплата за нешто однапред.
Англиски: advance payment Албански: avans, parapagim
Примери:
Настојувам преку капар или аванс цврсто да ги врзам купувачите.

авансира повеќе

авансираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава аванс, предвреме даде, дава како влог дел од договорен износ.
Примери:
Владата ги авансира изданијата на оваа издавачка куќа.

автаркија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Економска политика на една земја што настојува да го осамостои стопанството и да го направи независно во однос на други земји.
Англиски: autarchy Албански: autarki

авторство повеќе

(едн.) авторството
Вид збор: Именка, среден род
Припадност на авторско дело, авторска своина.
Англиски: copyright Албански: autorësi
Примери:
За авторството на споменатата песна постоеле сомненија во науката.

агент повеќе

мн. агенти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што застапува некого, претставник.
Англиски: agent Албански: agjent, përfaqësues
Примери:
Туристички агент.

агентура повеќе

мн. агентури
Вид збор: Именка, женски род
Претставништво, застапништво на фирма.
Англиски: subsidiary Албански: agjenturë, përfaqësi
Примери:
Поморска агентура.

агенција повеќе

мн. агенции
Вид збор: Именка, женски род
Посредничка фирма што врши определени услуги за други фирми, установи или за приватни лица.
Англиски: agency Албански: agjenci
Примери:
туристичка агенција

агробизнис повеќе

(едн.) агробизнисот
Вид збор: Именка, машки род
Производство и трговија со земјоделски производи.
Англиски: agricultural business
Примери:
Тој смета дека агробизнисот е еден од најпотенцијалните за извоз.

АД повеќе

Вид збор: Скратеница
акционерско друштво (а.д.)
Англиски: corporation
Примери:
Комерцијална банка АД Скопје

административец повеќе

мн. административци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши административни работи, што работи во администрација.
Англиски: administration worker Албански: punëtorë administrativ
Примери:
Еден месец по дипломирањето го вработија како административец во Судот во Скопје.

адресат повеќе

мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Административно лице што се повикува да исплати меница.
Англиски: payer Албански: adresat, pagues
Примери:
Сметководителите се адресати на пристигнатите чекови за исплата.

азно повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Складиште за вредности и драгоцености.
Англиски: treasure vault Турски: hazine Албански: thesar
Примери:
Моето азно да биде неброено.

аквакултура повеќе

мн. аквакултури
Вид збор: Именка, женски род
Систематско користење на морето, езерата и реките за одгледување водни животни (риби, школки, ракчиња) и билки (алги) за исхрана.
Англиски: aquaculture

аквизитер повеќе

мн. аквизитери
Вид збор: Именка, машки род
Собирач на огласи, муштерии или претплатници; трговски посредник.
Примери:
Го отстрани наметливиот аквизитер.

аконтација повеќе

мн. аконтации
Вид збор: Именка, женски род
Однапред дадени пари во помал износ од вредноста на трудот, улогата или на стоката.
Англиски: deposit Албански: akontacion, depozitë

акорд повеќе

мн. акорди
Вид збор: Именка, машки род
Плаќање според завршената работа, на парче.
Англиски: piecework Албански: akord

акредитив повеќе

мн. акредитиви
Вид збор: Именка, машки род
Писмен налог за отворање кредит во банка.
Англиски: letter of credit Албански: akreditiv, letërkredi
Примери:
Сите вработени имаа акредитиви во банката.

акредитира повеќе

акредитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отвори, отвора некому кредит.
Англиски: accredit Албански: akreditoj

актива повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Целокупниот имот и сите побарувања.
Англиски: assets Албански: asete

актуар повеќе

мн. актуари
Вид збор: Именка, машки род
Математичар со познавања од економијата и статистиката којшто може да ги пресмета ризиците и финансиските последици од непредвидливи настани.
Англиски: actuary

акумулација повеќе

мн. акумулации
Вид збор: Именка, женски род
Дел од добивката што се остава за деловниот фонд и за инвестиции.
Англиски: saving Албански: kursim

акциза повеќе

мн. акцизи
Вид збор: Именка, женски род
Дополнителен интервентен данок, главно на луксузна стока.
Англиски: excise Албански: akcizë
Примери:
Владата ги намали акцизите за автомобилите.

акција повеќе

мн. акции
Вид збор: Именка, женски род
Вредносна хартија како удел во капиталот на акционерско претпријатие.
Англиски: share Албански: aksion
Примери:
Во продажба се акциите на комбинатот.

акционер повеќе

мн. акционери
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на акции.
Англиски: shareholder Албански: aksionar
Примери:
Главниот акционер во фабриката.

алатница повеќе

мн. алатници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што се прави или чува алатот.
Примери:
Се слушаше чукање од алатницата.

амбар повеќе

мн. амбари
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена градба за зрнеста храна.
Англиски: store Турски: ambar Албански: drithnik, hambar
Примери:
Мажите истоварија јачмен и рж по амбарите.

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Постапно намалување на материјалната вредност на предметите при нивно стареење или трошење.
Англиски: deprecation Албански: amortizim
Примери:
Секоја година во завршната пресметка се внесуваат податоци за амортизацијата на целиот инвентар и на објектот.

ангарија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
присилна работа
Англиски: forced labor Турски: angare Албански: angari, punë e dhunshme
Примери:
Народот мора да плаќа по десет именувани и безимени даноци, облози и ангарија.

ангро повеќе

Вид збор: Прилог
На големо, во големи количини.
Англиски: wholesale Албански: me shumicë
Примери:
Трговец на ангро.

антиинфлациски повеќе

антиинфлацискиот
Вид збор: Придавка
Што е против инфлација.
Англиски: anti-inflationary
Примери:
антиинфлациски мерки

ануитет повеќе

мн. ануитети
Вид збор: Именка, машки род
Износ со кој се отплаќа долгорочен заем.
Англиски: annuity Албански: anuitet

апанажа повеќе

мн. апанажи
Вид збор: Именка, женски род
Годишна сума пари што му се исплаќа на владетелско семејство од државниот буџет.
Англиски: apanage Француски: apanage Албански: apanazh
Примери:
Апанажата на принцот претставуваше голема сума пари.
Годишен приход на лице по истекување на некоја функција.
Англиски: apanage Француски: apanage Албански: apanazh
Примери:
По завршувањето на мандатот, една година беше на апанажа.

апликација повеќе

мн. апликации
Вид збор: Именка, женски род
формулар за вработување
Англиски: application Албански: aplikim, kërkesë
Примери:
Ја пополни апликацијата за новото работно место и чекаше одговор.

аплицира повеќе

аплицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Конкурира, поднесува апликација.
Англиски: apply Албански: konkurim
Примери:
Аплицираше за местото на технички директор.

апоен повеќе

мн. апоени
Вид збор: Именка, машки род
Износ за целосно исплаќање долг.
Албански: vleftë
Ознака за номиналната вредност на некоја вредносна хартија.
Англиски: face value Албански: vlerë nominale

аранжман повеќе

мн. аранжмани
Вид збор: Именка, машки род
договор, согласност, усогласување
Англиски: arrangement Албански: marrëveshje
Примери:
аранжман меѓу двете страни

арач повеќе

мн. арачи
Вид збор: Именка, машки род
Данок што се собирал во времето на турската власт од немуслиманското население.
Англиски: tax Турски: haraç Албански: haraç
Примери:
Собираа арач по една лира од глава.

арачлија повеќе

мн. арачлии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што собирал арач, даночник.
Англиски: tax collector Турски: haraçcı
Примери:
Идат арачлии арач да собираат.

аргатлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
наемна работа
Англиски: labor leasing
Примери:
Никој не се збогатил од аргатлак по туѓи ниви.

аренда повеќе

мн. аренди
Вид збор: Именка, женски род
Закупување на обработливо земјиште.
Англиски: rent Албански: qira
Примери:
Ја зедов земјата под аренда.
Закупнина од обработливо земјиште.
Англиски: rent Албански: qira
Примери:
Секој месец живееме од арендата за имотот.

артикл повеќе

мн. артикли
Вид збор: Именка, машки род
Производ, трговски предмет, стока.
Англиски: article Албански: artikull
Примери:
Продавницата беше снабдена со разновидни артикли.

арчи повеќе

арчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Троши пари.
Англиски: spend Турски: harcamak Албански: shpenzon
Примери:
Сите пари ги арчеше за храна.
Расходува, троши нешто.
Англиски: spend Албански: shpenzon
Примери:
Тоа што се јаде бргу се арчи.

асортиман повеќе

мн. асортимани
Вид збор: Именка, машки род
Избор на разни видови трговска стока.
Англиски: assortment Албански: asortiment
Примери:
По продавниците можеше да се најде голем асортиман на производи.

аукција повеќе

мн. аукции
Вид збор: Именка, женски род
Јавна продажба со наддавање.
Англиски: auction Албански: auksion, ankand
Примери:
Аукција на уметнички слики.

аутпут повеќе

(едн.) аутпутот
Вид збор: Именка, машки род
излез, резултат
Англиски: output Албански: autput, dalje
Примери:
Индустрискиот аутпут се зголеми.

аутсорсинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Префрлување на помалку важни фунции од една фирма или организација на надворешни специјализирани компании со цел да се намалат трошоците.
Англиски: outsourcing
Примери:
Направивме аутсорсинг на возниот парк.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш