gather - онтологија

бере повеќе

берат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира плодови, растенија или делови од нив (со кинење, со тресење, со корнење).
Албански: mbledhë, vjelë
Примери:
Селаните ги берат јаболката.

добере повеќе

Види и: бере (несв.)
доберат
Вид збор: Глагол, свршен
Набере уште малку до нужната мера.
Албански: vjel, mbledh
Примери:
Денес треба да се доберат уште десет килограми круши.

дозбере повеќе

Види и: збере (св.)
дозберат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира нешто сосема, до последното нешто.
Примери:
Миле ги дозбра јаболката од земјата.

забере повеќе

заберат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бере.
Албански: mbledh
Примери:
Уште не го забрале тутунот.

зазбира повеќе

зазбираат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зазбира) Почне да се збира, да се собира на едно место.
Албански: mblidhet, tubohet
Примери:
Уште взори се зазбираа свадбарите.

заприбира повеќе

заприбираат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заприбира)
Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Од изутрина кај се заприбирале сватови.

засобира повеќе

Види и: собира (несв.)
засобираат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да собира.
Примери:
Децата ги засобираа испаѓаните круши.

збор повеќе

мн. зборови
Вид збор: Именка, машки род
Извик со кој се командува постројување на една единица.
Албански: urdhër
Употреба: Воен термин
Примери:
Војници, збор!

изнасобере повеќе

Види и: насобере (св.)
изнасоберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнасобере) Се насобере во голем број.
Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Се изнасобра многу народ пред дуќанот.

лачи повеќе

лачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Треби, кине вторични ластари за да не му ја земат силата на растението.
Албански: dlir, qëroj
Примери:
Утре ќе го лачиме лозјето.

набере повеќе

наберат
Вид збор: Глагол, свршен
Скине, собере извесно количество овошје, плодови, цвеќиња и др.
Албански: shkëput
Примери:
Набрав јаболка.
(се набере) се насобере
Албански: mbledh
Примери:
Се набрал многу народ да гледа сеир.

назбере повеќе

Види и: насобере (св.)
назберат
Вид збор: Глагол, свршен
насобере

насобере повеќе

Види и: собере (св.)
насоберат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере во голем број, во големо количество.
Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Ги насобра децата од населбата.
(се насобере) Се собере во голем број.
Албански: mbledh, tuboj
Примери:
Се насобра многу народ.

нафати повеќе

нафатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нафати) Се прикрепи, се налепи, се насобере нешто.
Албански: mbledh
Примери:
Се нафатила роса на прозорците.

подзбере повеќе

Види и: збере (св.)
подзберат
Вид збор: Глагол, свршен
Донекаде збере, собере нешто расфрлано.
Албански: mbledh
Примери:
Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.
Збере, собере на едно место.
Албански: mbledh
Примери:
Ги подзбра сите колеги да чујат што ќе каже директорот.
(се подзбере) се збере, се собере
Албански: mbledh
Примери:
Се подзбравме некако и преспавме сите во колибата.

поднабере повеќе

Види и: набере (св.)
поднаберат
Вид збор: Глагол, свршен
Набере мало количество овошје, плодови, цвеќе и сл.
Албански: mbledh
Примери:
Поднабравме малку сливи, колку да се залажат децата.
(се поднабере) Се набере малку, донекаде.
Албански: mbledh
Примери:
Се поднабравме едвај два-тројца.

позбере повеќе

Види и: збере (св.)
позаберат
Вид збор: Глагол, свршен
Збере, збие, се смести во некаков простор.
Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Тие ги позбраа нејзините работи во една кутија.

понакине повеќе

Види и: накине (св.)
понакинат
Вид збор: Глагол, свршен
Накине, набере нешто уште малку или доволно.
Примери:
Тој понакина од зрелите јаболка и им ги даде.

понасобере повеќе

Види и: насобере (св.)
(се) понасоберат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насобере уште повеќе.

поприбере повеќе

Види и: прибере (св.)
поприберат
Вид збор: Глагол, свршен
Присобере уште малку (податок, материјал).
Албански: mbledh
Примери:
Треба да се поприберат уште некои документи.
За раце, нозе - собере, повлече малку кон себе
Албански: mbledh
Примери:
Поприбери ги нозете да не те згазнам.

прибере повеќе

приберат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере нешто што е расфрлано; растурено на едно место.
Албански: mbledh
Примери:
Прибери ги играчките на едно место.
Насобере уште малку.
Албански: mbledh
Примери:
Ќе прибереме уште еден сандак јаболка.

принабере повеќе

Види и: набере (св.)
принаберат
Вид збор: Глагол, свршен
Набере дополнително, уште малку.
Примери:
Ако треба ќе принабереме дрва.

присобере повеќе

присоберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се присобере) Се собере, се смести во тесен простор.
Албански: mbledh
Примери:
Луѓето се присобраа купче под настрешниците да не ги наводени дождот.

пробере повеќе

Види и: бере (несв.)
проберат
Вид збор: Глагол, свршен
Набере набрзина, згора-згора.
Примери:
Го пробраа бостанот колку да не остане на нива.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
собере (од разни страни)
Албански: grumbulloj
Употреба: Народна поезија
Примери:
После ги разбрале сите свои луѓе, гости сториле за три недели.

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
За предмети - стави заедно, на едно место, во определен ред.
Албански: mbledh, grumbulloj
Примери:
Собери ги шајките во кутијана.
За плодови, цвеќиња - набере во некое количество.
Албански: mbledh
Примери:
Собрале лековити билки.

соберува повеќе

Види и: собере (св.)
(се) соберуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) собере, (се) собира
Употреба: Дијалектен збор