rest - онтологија

заостаток повеќе

заостатокот
Вид збор: Именка, машки род
остаток
Примери:
заостаток од осум поени

запладни повеќе

запладнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овци - почне да пладнува.
Албански: mrizoj
Примери:
Овците запладнија под сенките на буковата корија.

запре повеќе

запрат
Вид збор: Глагол, свршен
(се запре) Се задржи на нешто, обрне поголемо внимание на нешто.
Албански: pushoj
Примери:
Hа крајот од оваа глава ќе се запреме на погоре споменатиот автор и неговото дело.

застои повеќе

Види и: стои (несв.)
застојат
Вид збор: Глагол, свршен
(се застои) Се задржи подолго време на исто место.
Албански: qëndrij
Примери:
Тој не можеже да се застои на едно место.

здивне повеќе

здивнат
Вид збор: Глагол, свршен
одмори, отпочине
Албански: pushoj
Примери:
Од утрото цепеше дрва, па седна да здивне.

кроти повеќе

кротат
Вид збор: Глагол, несвршен
мирува
Албански: hesht, pushoj
Примери:
Детето кроти.

мирува повеќе

мируваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Седи мирен, е мирен, не е активен.
Албански: hesht, qëndron
Примери:
Лекарот му нареди да мирува.

напочине повеќе

(се) напочинат
Вид збор: Глагол, свршен
Доволно, добро се почине.
Примери:
Се напочинавме, па сега да се фатиме за работа.

оддив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
одмор
Примери:
Работеше без оддив.

оддивка повеќе

Види и: оддив (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
(обично едн.) оддив
Примери:
Таа постојано работеше, немаше време за оддивка.

оддишка повеќе

Види и: оддив (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
(обично едн.) оддив
Примери:
Му требаше оддишка, па малку подзастана.

одлежи повеќе

Види и: лежи (несв.)
одлежат
Вид збор: Глагол, свршен
Лежи определено време болен.
Албански: prehem, shtrihem
Примери:
Одлежа една седмица од грипот.

одмара повеќе

Види и: одмора (несв.)
(се) одмараат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) одмора
Албански: pushoj

одмора повеќе

(се) одмораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Починува, поминува време во одмор.
Примери:
По ручекот тој задолжително (се) одмора.

одмори повеќе

одморат
Вид збор: Глагол, свршен
Остави, даде некому да се почине.
Албански: pushoj, çlodh
Примери:
Одмори ги работниците малку.
Помине време во одмор, се почине.
Албански: pushoj, çlodhem
Примери:
Одморил малку и пак продолжил да копа.
(се одмори) Се почине, поврати сили.
Албански: pushoj
Примери:
Се одмори лежејќи во тревата со поглед кон небото.

останато повеќе

останатото
Вид збор: Именка, среден род
Остаток од нешто.
Примери:
Останатото препушти ми го мене.

остаток повеќе

мн. остатоци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што останува од некоја количина, преостанат дел од нешто.
Албански: mbetje, tepricë
Примери:
Остатоците од ручекот ги стави во фрижидерот.

отпочине повеќе

(си) отпочинат
Вид збор: Глагол, свршен
Се одмори.
Примери:
Си отпочиневме малку на една чистина.

пладнува повеќе

пладнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - одмора на пладне, починува.
Албански: pushoj
Примери:
Уморните жетвари пладнуваа.

подздивне повеќе

подздивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмори малку, кратко време.
Примери:
Подздивнаа малку под лозницата и пак се фатија за работа.

пододмори повеќе

пододморат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмори малку, во некоја мера.
Примери:
Аргатите пододморија малку во сенката и пак продолжија да копат.
(се пододмори) Се одмори малку.
Примери:
Планинарите се пододморија пред да тргнат во освојување на планинскиот врв.

поодмори повеќе

Види и: одмори (св.)
поодморат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмори некого, нешто малку, некое време.
Албански: pushoj
Примери:
Застана да ги поодморат коњите.
(се поодмори) Се одмори малку, извесно време.
Албански: pushoj,çlodh
Примери:
Сега ќе се поодмориме, па ќе го продолжиме патот.

попочине повеќе

Види и: почине (св.)
(си) попочине
Вид збор: Глагол, свршен
Се почине малку, некое време.
Примери:
Седна крај реката да си попочине.

попроветри повеќе

Види и: проветри (св.)
попроветрат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмори малку.
Примери:
Попроветри го мозокот.
(се попроветри) Се одмори, се освежи малку, донекаде.
Примери:
Излези, попроветри се малку.

постои повеќе

постојат
Вид збор: Глагол, свршен
Отседи, отстои, мирува некое време.
Албански: qëndroј pak
Примери:
Течноста нека постои неколку дена на темно место.

почива повеќе

почиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се одмара
Албански: pushoj
Примери:
Тие имаат навика да си почиваат попладне.
Лежи во гроб.
Албански: pushon
Примери:
Овде почива баба ми.

почивка повеќе

(едн.) почивката
Вид збор: Именка, женски род
Одмор, куса пауза од работа.
Примери:
По завршената работа ми треба почивка.

почин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
почивка, одмор
Примери:
Тој работеше без почин.

почине повеќе

починат
Вид збор: Глагол, свршен
одмори
Албански: pushoj
Примери:
Чекај, да починам малку.

починка повеќе

мн. починки
Вид збор: Именка, женски род
одмор
Примери:
Не, не треба починка, не треба смирување, сето поле пукнало од здравина, па крвта е моја светло разденување од таа разгаленост, од таа убавина.

празнува повеќе

празнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
не работи, одмора
Албански: festoj, pushoj
Примери:
Шест дена во неделата работам, а седмиот празнувам.

седи повеќе

седат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наоѓа во состојба на бездејност, одмор.
Примери:
Не може да седи без работа.

спие повеќе

спијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наоѓа во состојба на полн мир.
Албански: pushoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Градот спие.
Почива, лежи умрен.
Албански: ndërron jetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Херои, спијте в мир.

спокојство повеќе

(едн.) спокојството
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на возбуда, на вознемиреност.
Албански: pushim, çlodhje
Примери:
Тој веќе немаше спокојство.

стои повеќе

стојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Останува на истото место, не се движи.
Албански: qëndron
Примери:
Си стои на местото.

узур повеќе

Види и: уѕур (м.)
мн. узури
Вид збор: Именка, машки род
одмор, неработа, бадијалчење
Турски: huzur
Употреба: Архаизам
Примери:
Човекот пие од мака или од узур.