мн. блискоти
Вид збор: Именка, машки род
Излив на течност од нешто.
Примери:
Чашата падна со блискот вино.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плиска со течност, обично со вода.
Примери:
Го заплискаа со вода за да се освести.
За бран - почне да плиска допирајќи нешто.
Примери:
Брановите ми ги заплискаа нозете.
Осети некаква дразба.
Примери:
Тој ја заплиска со мирис на пот.
(се заплиска) Почне да се плиска, да се прска со вода себеси или еден со друг.
Примери:
Тој се заплиска со студена вода.
заџбураат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заџбура) Почне да шлапа во вода.
Албански:
llapashit në ujë
Примери:
На свирчето од наставникот децата се заџбураа во водата.
Вид збор: Глагол, свршен
заплиска
Примери:
Детето зашлака со рачињата во кофата со вода.
(се зашлака) Почне да се плиска во /со вода.
Примери:
Се зашлакаа децата во плитката вода на брегот.
исплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наводени некого или нешто, испрска.
Албански:
stërpik, spërkat
Примери:
Автомобилот помина низ вирчето со сета брзина и ги исплиска минувачите.
(се исплиска)
Примери:
Се исплиска набрзина со студена вода.
окапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се окапе) Се облеа со вода.
Примери:
Внимавај на бокалот, ќе се окапеш.
отплиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Плисне дел од содржината на сад со течност.
Примери:
Отплисна вода од кофата.
пласнат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) Фрли, падне и при падот даде звук.
Примери:
Го фатил и го пласнал наземи.
(се пласне) Се фрла (на земја, кревет).
Примери:
Дојде уморен и се пласна в кревет.
мн. плесоци
Вид збор: Именка, машки род
(за вода или течност) Паѓа со силен плесок.
плискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно излива, блиска вода или друга течност.
Примери:
Уште ли ќе плискаш кофи вода во дворот?
Вид збор: Именка, среден род
Фрлање вода или друга течност.
Примери:
плискање вода
плиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Излее, блисне течност со силен замав.
Примери:
Жената плисна неколку кофи вода врз подот.
Блисне вода врз делови од телото или врз човек општо.
Примери:
Го плисна коњот со кофа вода.
За дожд - почне силно да врне.
Примери:
Уште на вториот километар се стемни и дожд плисна од небото.
За бран, езеро, море, река.
Примери:
Бранот го плисна бротчето и го преврте.
(се плисна) Се прсне себеси со вода.
Примери:
Се плисна во лицето надве-натри.
плускаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира предизвикувајќи плусок.
Примери:
Куршуми плускаа.
(се плуска) Се удира плускајќи.
Примери:
Девојчињата се плускаа во водите.
Вид збор: Глагол, свршен
(се покашка) шлапка, пошлапка
Примери:
Тие се покашкаа по вирчињата.
полеат
Вид збор: Глагол, свршен
Плисне, разлее течност.
Примери:
Рано наутро ги полеаја улиците.
Вид збор: Глагол, свршен
Излива малку, некое време вода или друга течност со силно замавнување.
Албански:
stërpik, spërkat
Примери:
Го поплиса дворот со вода и фати да мете.
(се поплиска) Се плиска малку, кратко време.
Примери:
Си го поплиска лицето со вода за да се расони.
потурат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потури) се полие
Албански:
lagem, njollosem
Примери:
Ќе се потуриш со манџата.
пошлапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Шлапа, цапа малку, некое време (на пример во кал).
Примери:
Девојчето пошлапа во калта.
Шлапа малку, кратко време.
прскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прска) Се плиска со вода.
Примери:
Се прска со вода по лицето.
(се прска) Се плискаат со вода меѓусебно.
Примери:
Децата весело се прскаа со лончиња вода.
Вид збор: Глагол, свршен
Плиска на разни страни.
Примери:
Ја расплиска водата.
(се расплиска) Почне силно да врне.
Примери:
Се расплиска дождов.
сплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) За дожд - почне силно да врне.
Примери:
Сплиска еден дожд.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Извик
За означување на звукот што се слуша кога ќе се пушти мал предмет во течност односно кога ќе се цапне во нешто.
Примери:
Одеше по тротоарот и наеднаш цап! - згазна во водата.
Вид збор: Извик
Звук што се испушта при движење, одење во вир, кал.
Примери:
шлап-шлуп!
Звук за нешто што паднало, што пласнало.
Примери:
Јајцето му се лизна од рацете и се слушна шлап!
Вид збор: Извик
За подражавање звук кога нешто паѓа во течност.
Звук при движење во кал, вирови и сл.
Примери:
шлап, шлуп!