disappear - онтологија

бега повеќе

бегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брзо поминува, исчезнува.
Албански: ikë, humbë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Водата бегаше, се губеше.

битисува повеќе

битисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
завршува, исчезнува
Употреба: Архаизам
Примери:
Денот полека битисува.

витоса повеќе

витосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се витоса) Отиде некаде, се изгуби, го снема.
Албански: zhduket, humbet
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се витосал некаде во пустината.

губи повеќе

губат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се губи) Исчезнува без трага.
Албански: humbet, zhduket
Примери:
Сонцето се губеше зад планините.

доима повеќе

доимаат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да има, снема.
Употреба: Разговорно
Примери:
Имав што имав и... доимав.

загаси повеќе

загасат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да исчезне, да замре.
Албански: zhduk
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа го загаси споменот за него.

загасне повеќе

Види и: гасне (несв.)
загаснат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне, замре чувство, поглед и сл.
Албански: shuhet, humbet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Очите бргу му проблеснаа и пак загаснаа.

загине повеќе

загинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загине) Се загуби, се изгуби некаде.
Албански: humbet
Примери:
Детето се загина вчера, одвај го најдовме.

загуби повеќе

загубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загуби) Се изгуби, исчезне, го снема.
Албански: u zhduk
Примери:
Го оседла коњот и се загуби надолу по заснежениот пат.

закатани повеќе

закатанат
Вид збор: Глагол, свршен
(се закатани) Се изгуби, исчезне некаде.
Албански: humbem, zhdukem
Употреба: Разговорно
Примери:
Дел од овците се закатанија низ планината.

замре повеќе

замрат
Вид збор: Глагол, свршен
За глас, шум, живот, дејност и сл. - стивне, опадне, ослабне; исчезне.
Албански: shuhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Замре вревата од улицата.

згине повеќе

згинат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне, се изгуби, го снема.
Примери:
Згинаа сеќавањата за детството.

здува повеќе

здуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Избега, веднаш исчезне.
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крадецот здува кога виде дека некој доаѓа.

изгуби повеќе

Види и: губи (несв.)
изгубат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне, излезе надвор од досегот на сетилните органи.
Албански: humb, zhduket
Примери:
Гледаше по момчето додека не го изгуби од вид.

излезе повеќе

излезат
Вид збор: Глагол, свршен
За нечистотија, дамка - се исчисти, се отстрани.
Албански: e heq
Примери:
Бојата со ништо нема да излезе.

испари повеќе

испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува.
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Спласна, испари и неговата лутина, но и неговата доверба во неа.
Исчезне одеднаш, скришно.
Албански: zhduket
Употреба: Разговорно
Примери:
Дури се свртев, тој испарил.

исчезне повеќе

исчезнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се загуби без трага, го снема.
Албански: zhduk
Примери:
Сјајот од нејзините очи одамна исчезна.

кидне повеќе

киднат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, исчезне
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој кидна од наставата.

мавне повеќе

мавнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се мавне) се истави, го снема
Албански: zhduket
Примери:
Детето се мавна од собата и излезе надвор.

напика повеќе

напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напика) Се зафрли, го снема некаде.
Албански: zhdukem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кај се напика, сега беше тука.

одмагли повеќе

одмаглат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, исчезне
Албански: ik, zhduket
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Штом виде што направи веднаш одмагли.

откраде повеќе

(се) открадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) открадне

открадне повеќе

откраднува
Вид збор: Глагол, свршен
(се открадне) Замине незабележано.
Примери:
Мнозинството чмаеше и молчеше цела една ера кога пред очи им се откраднаа десет години слобода и живот без страв.

пајдоса повеќе

пајдосат
Вид збор: Глагол, свршен
пропадна
Албански: humbet, zhduket
Употреба: Архаизам , Разговорно
Примери:
Пајдоса нашиот занает.

парее повеќе

Види и: испари (св.)
(се) пареат
Вид збор: Глагол, несвршен
исчезнува
Албански: avullon, zhduket
Употреба: Преносно значење

појде повеќе

појдат
Вид збор: Глагол, свршен
изгуби, исчезне, отиде
Албански: zhduket
Примери:
Во пожарот му појде куќата.

потоне повеќе

потонат
Вид збор: Глагол, свршен
Пропадне, исчезне, се изгуби.
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дворот потона во темнина.

поштукне повеќе

поштукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне, се изгуби.
Албански: humb, zhduk
Примери:
Ми гу поштукна ножето.

пропадне повеќе

пропаднат
Вид збор: Глагол, свршен
исчезне, се загуби
Албански: zhduk
Примери:
Човекот пропаднал во коријата.

размине повеќе

разминат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) помине, исчезне
Албански: kalon
Употреба: Разговорно
Примери:
Младоста брзо ќе размине.

разруши повеќе

разрушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разруши) Не се оствари, не се оправда.
Албански: nuk zbatoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се разрушија илузиите.

снема повеќе

снемало
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л. едн.) исчезне
Албански: humbet, zhduket
Примери:
Снема брашно.

снемува повеќе

Види и: снема (св.)
снемуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
исчезне
Албански: zhduket

стопи повеќе

стопат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да исчезне, испари.
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вестите му ги стопија надежите.
(се стопи) исчезне, се испари
Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дури тогаш се стопија неговите желби.

умира повеќе

Види и: умре (св.)
умираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исчезнува, престанува да постои.
Албански: vdes, zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Умираат старите обичаи.

чезне повеќе

чезнат
Вид збор: Глагол, несвршен
се губи, гине, исчсзнува
Примери:
Ѕвездите чезнат на небото.

чисти повеќе

чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се истава, си оди, напушта определено место.
Албански: ikë, zhdukem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чисти се!

штукне повеќе

штукнат
Вид збор: Глагол, свршен
исчезне, заскита
Примери:
Кој знае кај отиде, кај штукна, никаде го нема.

штукнува повеќе

Види и: штукне (св.)
штукнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
штукне