виреат
Вид збор: Глагол, несвршен
За растение - расте, успева.
Примери:
Во нашата држава виреат некои индустриски билки.
вишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расте во височина.
Примери:
Крушата виши како луда.
(се виши) Расте во височина, станува сѐ повисок.
Примери:
Од година на година се вишел синот пред очите на мајка си.
големеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расте, станува поголем.
Албански:
zmadhohet, rritet
Примери:
Житото од ден на ден се големееше.
дрочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расте, станува голем, крупен.
Примери:
Дрочи грозјето.
Вид збор: Глагол, несвршен
Дрочи полека, малку по малку.
Примери:
Грозјето дрочка.
зарастат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да расте, да никнува.
Албански:
filloj të rritet
Примери:
На детето му зарастија првите заби.
збуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За киснато тесто - надојдува.
Примери:
Тестото збува само ако е поволна температурата.
Вид збор: Глагол, свршен
Израсте во височина.
Примери:
Брезите извишија многу брзо.
(се извиши) Стане висок, порасне.
Примери:
Момчињата се извишија наеднаш, заличија на мажи.
изникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Никне целосно, до крај.
Примери:
Изникна трева по патеката.
израснат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - никнувајќи на некаква почва, се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст.
Примери:
Hа патеката израснала трева.
За друго што расте - никнувајќи на некаква основа, се појави надвор од неа.
Примери:
Hа детето му израснаа првите заби.
Се развие во определен или во целиот свој раст.
Примери:
Нашите деца израснаа, ние остаревме.
Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина.
Примери:
Ги израсна алиштата.
Вид збор: Глагол, свршен
Никне во голем број, премногу.
Примери:
По дождот испоникнаа печурки.
истераат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - израсте до некаде.
Примери:
Истерало житото.
наникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Никне многу, никне насекаде.
Примери:
На нивата наникнал див коноп.
нараснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане повисок, потпорасне.
Примери:
Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.
Никне, се развие врз некоја почва (за растенија).
Примери:
Низ пченката нараснаа секакви тревје.
никнат
Вид збор: Глагол, несвршен
никнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со природен развој се појави над површината.
Примери:
Тревата брзо никна.
остават
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти да расте брада, коса.
Примери:
Тој ја избричи брадата, а мустаќите ги остави.
Вид збор: Глагол, свршен
(само 3. л.) Изникне малку, донекаде.
Примери:
Подизникнала трева по патеката.
подникнат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - никне само малку.
Примери:
Пченицата подникнала.
Вид збор: Глагол, свршен
(се позголеми) Обично во 3 л. - стане уште поголемо.
Примери:
Денот се позголеми.
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне малку, донекаде.
Примери:
Постепено нивниот број понарасна.
поникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Никне, изникне насекаде (трева, растенија).
Примери:
Бујна, зелена трева беше поникнала.
се појави, создаде
Примери:
Треба да се разгледуваат и прашања поникнати од самата практика.
попораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Порасне, порасте уште малку.
Примери:
Дрвото треба уште малку да попорасте за да даде плод.
пораснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане голем, висок по раст.
Примери:
Тој порасна, се извиши и стана голем колку една топола.
За брада, коса, растение - никне, расне.
Примери:
Брадата ми пораснала, треба да одам на бербер.
потераат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - почне да расте, пушти пупки, лисје.
Примери:
Отстрана беше потерал шамак.
Навлезе во определена година од возраста.
Примери:
Детето ја потера деветтата година.
Вид збор: Глагол, свршен
Порасне малку, стане повисок во некоја мера.
Примери:
Дрвцата потпораснаа.
пркнат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение - никне, изникне.
Албански:
mbin, mugullon
Употреба:
Ботаника
Примери:
Житата прикнале, тревата жугнала, овошките расцутеле.
расте, порасне малку, стане посилно
Албански:
rritet pak, zhvillohet
Примери:
По неколку години децата пркнаа, а таа се чувствуваше стара.
пуштат
Вид збор: Глагол, свршен
(За растение) кога е во процес на растење.
Примери:
Јаболкницата пуштила корен веднаш до прагот на куќата.
Остави да му порасне брада, мустаќи, коса.
Примери:
Таа пуштила коси под рамена.
развијат
Вид збор: Глагол, свршен
За шума, растение - пушти лисје, гранки.
Албански:
zhvilloj, shtoj
Примери:
Развила шумата.
разраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Израсне, стане повисок, заземе повеќе место.
Примери:
Разрасна веќе шумава.
раскрупнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раскрупни) Стане крупен, со поголем обем, добие во тежина и во големина.
Примери:
Децата се раскрупниле, пораснале.
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува поголем, повисок.
Примери:
Бебето расне многу бргу.
Вирее, успешно опстојува.
Примери:
Крај реката раснат врби.
За коса, брада, нокти - станува подолго, побујно.
Примери:
Ноктите раснат за неколку дена.
Нараснува, се наголемува, според количество интензитет, моќ.
Примери:
Притисокот ми расне.
Добива поголема вредност, станува поважен.
Примери:
Тој раснеше во кариерата.
растат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек, животно, растение - станува поголем како резултат од животниот процес; за заби, коса - никнува.
Примери:
Растат децата како трева.
Поминува во некакви услови своето детство, раните години.
Примери:
Заедно растевме, заедно учевме.
За растение - вирее, се развива.
Примери:
Кај нас и портокали растат.
тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
За растенија - исфрла, вади.
Примери:
Тера пупки, лист.
Навлегува во извесна возраст.
Примери:
Детето ја тера четвртата година (тера накај четири години).
расте, напредува, се развива
Примери:
Сушата го фати тутунот, воопшто не тера.