Разговорно - категорија

жандар повеќе

мн. жандари
Вид збор: Именка, машки род
џандар
Албански: xhandar

железара повеќе

Види и: железарница (ж.)
мн. железари
Вид збор: Именка, женски род
железарница
Англиски: ironworks

железница повеќе

мн. железници
Вид збор: Именка, женски род
воз
Англиски: train Албански: tren
Примери:
Подобро ми е патувањето со железница.
железничка линија
Англиски: railroad Албански: linjë hekurudhore
Примери:
Таму патот се вкрстува со железницата.

жена повеќе

мн. жени
Вид збор: Именка, женски род
Брачен другар од женски пол.
Англиски: spouse Албански: bashkëshorte
Примери:
Животот си го минувам со мојата жена и со моите деца.

женска повеќе

мн. женски
Вид збор: Именка, женски род
Општо, лице од женски пол.
Англиски: female Албански: femër
љубовница, девојка за забава
Англиски: female lover Албански: dashnore
Примери:
Треба да си најдеш некоја пристојна женска.
јавна жена, проститутка
Англиски: prostitute Албански: prostitutë
Примери:
Тогаш тој беше принуден да ја гасне својата тага кај други женски и по кабареата.

женскотија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Множество женски лица во семејството или во некоја друга средина.
Примери:
Неговата невеста му ја наполни куќата со женскотија.

женштија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
женскост
Англиски: femininity

женштина повеќе

Види и: женскост (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
женскост
Англиски: femininity

живејачка повеќе

мн. живејачки
Вид збор: Именка, женски род
живот, живеење
Англиски: life
Примери:
Го прашав како е со живејачката и со здравјето.

живина повеќе

мн. живини
Вид збор: Именка, женски род
животно
Англиски: animal Албански: kafshë
Примери:
Луѓе со луѓе, живини со живини.
вошки
Англиски: flea Албански: plesht
Примери:
Тој има живина.

живчан повеќе

живчаниот
Вид збор: Придавка
што лесно избувнува
Англиски: choleric

жлезда повеќе

мн. жлезди
Вид збор: Именка, женски род
Назив за разни заболувања кои се покажуваат со зголемување, отекување на жлездите.
Албански: gjëndra
Примери:
Има жлезди.

жонглира повеќе

жонглираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Си игра или ги измамува своите клиенти.
Англиски: juggle Албански: zhongloj, përqesh
Примери:
Жонглира со парите на муштериите.

журка повеќе

мн. журки
Вид збор: Именка, женски род
жур
Англиски: party Албански: parti
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш